Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филипче: Состојбата во земјоделството е алармантна
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Филипче: Состојбата во земјоделството е алармантна
ПОЛИТИКА

Филипче: Состојбата во земјоделството е алармантна

Објавено June 14, 2026 15:18
Сподели
Сподели

Состојбата во земјоделството е алармантна, земјоделците се соочуваат зголемени трошоци, намалени субвенции, ниски откупни цени, а дополнително откуп нема.

Вака денеска се зборуваше на средбата на претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на средба со повеќе земјоделци во Карбинци, кои се занимаваат со различно производство.

„Ваков колапс и ваква негрижа немало никогаш во земјата. Огромни трошоци за производство, намалени субвенции, доцнење на исплата на субвенциите, намалени откупни цени и немање откуп. Вкупната сума на субвенции е намалена за 40 милиони евра. Но освен што е намалена, субвенциите не се исплаќаат, доцнат. И тоа важи за секој сектор во земјоделството – за производство на тутун, за сточарите, млекопроизводителите, производителите на ориз“, рече Филипче.

Тој посочи дека земјоделците се притиснати од зголемени трошоци за производство, повисоки цени на ѓубривото, водата и работната рака, како и од нефункционален систем за наводнување.

„Земјата нема од каде да се наводнува, а има систем кој што е поставен и кој што е поврзан со системот на езерото Калиманци“, рече Филипче.

Тој нагласи дека дополнителен удар за земјоделците се и драстично намалените откупни цени, како и немањето сигурен пласман.

„Освен што се ниски субвенциите, освен што се доцни со исплата на субвенциите, откупните цени се страшно ниски. На млекото откупната цена е намалена за 30 отсто, од 36 на 23/24 денари. На оризот практично преполовена под 20 денари. А ниту оризопроизводителите, ниту производителите на млеко немаат каде да го пласираат своето производство.Едноставно откупните центри се фокусирани затоа што тоа државата им го дозволува да купуваат евтини репро материјали од странство и на тој начин никако не се штити домашното производство“, рече Филипче.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Се ожени пратеникот Сергеј Попов, еве ја неговата избраничка
Следна Статија (ВИДЕО) Три лица загинаа во бродска несреќа во Хрватска

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Коалицијата „Вреди“ денеска се обединува во еден политички субјект

Политичката коалиција „Вреди“ денеска во Скопје ќе одржи Конгрес за обединување на петте политички субјекти во едно политичко тело. Процесот…

May 9, 2026
ПОЛИТИКА

„ШУКОВА И ЗАЕВ УШТЕ ВО 2020 ГОДИНА ВЕТУВАА РЕШЕНИЕ ЗА ВАРДАРИШТЕ“ Зошто ги лажеа граѓаните на Скопје?

Заев, Шукова и СДСМ, уште во 2020 година ветуваа решавање на Вардариште, кое беше дел од програмата на работата на…

September 11, 2025
ПОЛИТИКА

Стојкоски: Пет капитални инвестиции во Ѓорче Петров

Кандидатот за градоначалник на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски во интервјуто за „Слободен печат“ тој вели дека во наредниот мандат…

October 11, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: „Скопска иницијатива“ е одговор на авторитаризмот, антиевропските сили и корупцијата

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, ја отвори денешната меѓународна конференција „Скопска иницијатива“, организирана од СДСМ и „Корчуланска висока политичка школа“.…

June 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?