Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Филков повика на одговорност и ИТНИ СЕДНИЦИ на Совет за јавни обвинители и Судски совет за КУЌНИОТ ПРИТВОР за Груби
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Филков повика на одговорност и ИТНИ СЕДНИЦИ на Совет за јавни обвинители и Судски совет за КУЌНИОТ ПРИТВОР за Груби
МАКЕДОНИЈА

Филков повика на одговорност и ИТНИ СЕДНИЦИ на Совет за јавни обвинители и Судски совет за КУЌНИОТ ПРИТВОР за Груби

Објавено February 24, 2026 16:28
Сподели
Сподели

Министерот за правда Игор Филков на прес-конференција упати пораки во врска со одлуката за замена на мерката притвор со куќен притвор во случај поврзан со истрага за проневера од над осум милиони евра.

Во своето обраќање, министерот потенцираше дека Министерството за правда нема да биде нем сведок кога довербата на граѓаните во правниот систем е разнишана, ниту ќе стои на страна кога јавноста со право бара одговори.

Досега, почитувајќи го принципот на поделба на власта, не сум коментирал конкретни судски и обвинителски одлуки. Тоа е темел на правната држава. Но кога одлуките отвораат сериозни дилеми и ја доведуваат во прашање еднаквоста пред законот, должност ми е да побарам отчетност“, истакна Филков.

Тој нагласи дека станува збор за лице кое 14 месеци било во бегство, за кое бил утврден ризик од бегство – ризик што се остварил – и дека јавноста има право да знае врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е донесена одлуката за поблага мерка.

Министерот јавно ги повика сите инволвирани во постапката да дадат детално и транспарентно образложение за своите одлуки, потенцирајќи дека одговорноста мора да биде лоцирана со име и презиме.

 

,,Јавно ги повикувам сите актери во постапката да дадат објаснување:

 

Јавниот обвинител Даниел Коцев,

 

– да објасни, врз основа на кои конкретни факти и правни аргументи е дадено позитивно мислење за замена на притворот?

Раководителот на обвинителството Анел Фидоски, –дали стои зад оваа одлука и дали смета дека ова е порака за еднаква примена на законот?

Судијата на претходна постапка при Основниот кривичен суд Скопје, Марин Станевски,

– Кои околности го надминале ризикот од бегство кај лице кое веќе 14 месеци беше недостапно?” изјави министерот за правда Игор Филков.

Тој информираше дека побарал објаснување и од надлежните институции во однос на условите во притворските установи и најави вонреден надзор во казнено-поправните установи со цел утврдување на безбедносната состојба.

„Залудно носиме закони ако не се спроведуваат. Залудно зборуваме за реформи ако практиката ја руши довербата. Ова не е прашање на политика, туку на принцип“, порача Филков.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија 4 Things You Didn’t Know HDMI Ports Can Do – SlashGear
Следна Статија Поранешната директорка на Токсикологија, Бесија Илјази ќе врати 659.831 денари – сума што клиниката ја исплатила како хонорари за спорни ангажмани

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Како Македонија котира во изборот за најмирни земји во светот

Годинава е 17-то издание на Глобалниот индекс за мир, кој рангира 163 независни држави и територии според нивното ниво на…

January 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Оптимист сум дека Попова Шапка ќе прерасне во врвен туристички центар

Премиерот Христијан Мицкоски за ТВ21 изјави дека Владата работи на создавање услови за сериозна инвестиција на Попова Шапка и изрази…

January 5, 2026
МАКЕДОНИЈА

Хајредини: Само македонскиот народ има право да одлучува за идентитетот, јазикот…

„Во врска со прашањaта за идентитетот, историјата и македонскиот јазик, право да одлучува има само македонскиот народ. Албанците нивната одлука…

April 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Во затворот во Идризово еден полицаец чувар на 50 затвореници

Одржувањето на безбедна и дисциплинирана средина во казнено-поправните и воспитно-поправните установи (КПУ/ВПУ) е од клучно значење за редовното функционирање на…

April 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?