Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Министерот за здравство се увери во хоророт во „Бардовци“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗДРАВЈЕ > (ФОТО) Министерот за здравство се увери во хоророт во „Бардовци“
ЗДРАВЈЕ

(ФОТО) Министерот за здравство се увери во хоророт во „Бардовци“

Објавено June 27, 2025 17:11
Сподели
Сподели

Министерот за здравство Азир Алиу ја посети Психијатриската болница „Скопје“.

Заедно со в.д. директорот Хиса Авдулаи беше направена обиколка на болницата и средба со здравствениот персонал. Констатирани се сериозни предизвици во условите за работа и третман на пациентите, кои бараат итна системска реакција, се вели во денешната објава на социјалните медиуми од Министерството за здравство. 

Психијатриските случаи од главниот град, додека примаат терапија, живеат во бедни, нечовечки и брутално лоши услови. 

Од објавените фотографии, направени при посетата на министерот, се гледа зграда со распаднати , испукани ѕидови, уништени врати и прозорци, ичкртани ѕидови. 

Инвентарот е дотраен, креветите за пациентите, дел се релативно нови, а другите полоши од оние во затворите од старите филмови. Плакарите се искршени, прозорците неизмиени, а дворот запустен.

На фотографиите се забележува дека собите за пациенти со неколку кревети, се со бетонски под кој речиси целосно е изронет и со големи дупки, а влезните врати целосно исчкртани.

Очајната состојба на психијатриската болница најсликовито ја покажуваат санитарните простории и тоалетите, во кои воопшто нема врати, а ѕидовите се со мувла и нечистотија. Нема ни чешми за одржување на личната хигиена.

Сериозното лице на министерот го одразува очајот на институцијата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Пороен дожд, засилен ветер, грмежи и наместа град попладнево во повеќе делови од земјава
Следна Статија МВР тајно почнало процес за нов систем за издавање лични карти – велат од СДСМ

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗДРАВЈЕ

Само пет минути вежбање ќе ви користат за здравјето

Дури и малите зголемувања на физичката активност можат да имаат мерливи ефекти врз долговечноста, според студија објавена во The Lancet.…

May 17, 2026
ЗДРАВЈЕ

Владата со бесплатни инвитро процедури и даночни олеснувања во борба против падот на наталитетот

Пратеничката Бети Стаменкоска Трајкоска од ВМРО-ДПМНЕ предупреди дека Македонија повеќе од една деценија се соочува со сериозна фертилитетна рецесија и…

July 7, 2025
ЗДРАВЈЕ

ФЗОМ ќе покрива до шест обиди за ин-витро оплодување 

Македонија застанува рамо до рамо со европските земји кои го признаваат правото на родителство како фундаментално човеково право. Воведуваме јавно…

July 9, 2025
ЗДРАВЈЕ

Јапонски научници пронашле третман за превенција од појава на Даунов синдром

Најсовремената технологија за уредување гени би можела да го искорени Дауновиот синдром, посочуваат научниците од Универзитетот Мејџи во Токио, Јапонија.…

July 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?