Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > Blog > Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување
BlogБАЛКАНЗДРАВЈЕМАКЕДОНИЈАПОЛИТИКА

Мицкоски: За 100 дена отплаќаме долг од 2 милијарди денари на Фондот за здравствено осигурување

Објавено September 26, 2024 15:33
Сподели
Сподели

Денеска на покана на директорот на Фондот за здравствено осигурување сме овде. Можевме да видиме каква е реалната состојба што е она што тие како менаџмент го наследија од претходниот менаџмент на Фондот. Самите слушнавте дека станува збор за долг од отприлика 5 милијарди денари. Тоа е некаде околу 80-тина милиони евра и повеќе, изјави претседателот на владата, Христијан Мицкоски.

Со едно домаќинско работење и со би рекол вешто реструктуирање на овој долг тој ќе се намали многу брзо за две милијарди, слушнавте и од самиот директор. Што значи дека ќе дојде на некое, би рекол подносливо ниво од 3 милијарди, но треба да се спушти уште повеќе и правиме план како Влада да во периодот што следи, можеби ете да речеме во текот на следната фискална година, уште повеќе да го намалиме тој долг. А очекуваме и со домаќинско, вредно, посветено работење на новиот менаџмент во болниците и во здравствените установи низ државата да дел од тие долгови бидат и по тој пат вратени назад. Јас можам да кажам дека како Влада врвен приоритет ни е здравјето на граѓаните. Како Влада ќе останеме посветени на поддршка и на Министерството за здравство и на Фондот за здравствено осигурување. Интересот на граѓаните е пред и над сѐ и јас лично со оваа моја денешна посета сакам само тоа да го потврдам и да честитам на Фондот, на менаџментот на Фондот, на Министерството за здравство што за вака кратко време успеаја да се консолидираат и да ги земат работите, што се вели народски, во свои раце и да вратат околу две милијарди денари, што е нешто коешто досега не се случило, ако се има предвид дека, како што кажа самиот директор, во првата половина од годината, тој долг е зголемен за цела една милијарда. Па сега вие можете да замислите со какви цели биле тие пари и каде биле употребувани, истакна Мицкоски.

Така што еве посакувам уште многу убави вести, па до година да зборуваме за долг нула, на тој начин ќе обезбедиме и тековно сервисирање на обврските. Со тековно сервисирање на обврските и цените ќе паднат, ќе значи помалку расходи, повеќе приходи и на тој начин ќе можеме да на граѓаните им понудиме дополнителни услуги здравствени коишто тие ќе можат да ги користат, додава Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија ЕУ: Старт на преговорите веднаш штом ги внесете Бугарите во Уставот
Следна Статија Арсовска не ги ферма советниците, повторно не се појави на советнички прашања

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Премиерот Мицкоски со велигденска порака: „Да ги менуваме работите заедно и да изградиме праведно општество“

Премиерот Христијан Мицкоски им го честиташе Воскресението Христово на сите граѓани, упатувајќи порака за надеж, заедништво и духовна сила во…

April 20, 2025
МАКЕДОНИЈА

Ле Риголер: Реформите треба да се спроведат не заради ЕУ, туку затоа што тоа е добро за земјата

Реформите не треба да се сметаат како обврска што треба да се исполни затоа што Европската Унија го бара тоа,…

September 19, 2025
БАЛКАН

(ФОТО) Ова се следните мети на Звицер

Со убиството на Дарко Недељковиќ Гајслер останаа уште шестмина од списокот на Радован Звицер кои треба да бидат ликвидрани.„Република.рс“ анализира кои…

December 2, 2024
МАКЕДОНИЈА

Коцевски: Финансии не ни дозволува ниту едно вработување

Мерките што власта ги најавува во правосудството по завршување на локалните избори, државниот обвинител Љупчо Коцевски ги коментира како политички…

November 11, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?