Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 21. „Бела ноќ“ во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 21. „Бела ноќ“ во Скопје
МАКЕДОНИЈА

21. „Бела ноќ“ во Скопје

Објавено October 4, 2025 08:40
Сподели
Сподели

Мултимедијалнии изведби, изложби, концерти, литературни читања и перформанси ќе бидат организирани вечер во рамки на 21. манифестација „Бела ноќ“ која традиционално се одржува во првата сабота од октомври. Организатори се Универзална сала и Град Скопје кои најавија разновидна културна програма и настани за кои влезот за посетителите е слободен.

-Целиот град ќе се претвори во голема уметничка сцена достапна за сите граѓани. „Бела ноќ“ е симбол на културната отвореност на Скопје – вечер кога улиците се исполнуваат со уметност, инспирација и дружење. Целта е да се поврзат граѓаните и уметниците преку заедничко искуство кое ја слави креативноста и културниот дух на нашиот град, соопштија организаторите.

Настани ќе бидат организирани во Музејот на Град Скопје, Младинскиот културен центар, Културно-информативниот центар, Детскиот културен центар, Музејот на македонската борба, Домот на култура „Кочо Рацин“.

Настани ќе има и на отворено – од 20.30 часот музички перформанс на плоштадот „Филип Втори“, како и во скопската чаршија – во Сули ан ќе биде претставен француско-германскиот проект „Стара скопска чаршија: визии за иднината“ –  презентација на мултимедијалните креации создадени од студентите на Факултет за драмски уметности, Факултетот за ликовни уметности, Филозофскиот факултет, Филолошкиот факултет и Архитектонскиот факултет од Скопје. Програмата опфаќа креативни видеа, изложба на фотографии, историски наративи, литературни читања и архитектонски проекти за иднината на старата чаршија. Потоа во Сули ан ќе има концерт на електронска музика „Париз-Берлин-Скопје” со сетови на тројца диџеи.

Во програмата за „Бела ноќ“ се вклучува и Градската библиотека „Браќа Миладиновци“ каде што ќе биде промовирана книгата „Работилница за поправка на чувства (втора антологија на иднината)“ – збирка поезија, проза и драма на 15 млади креативци кои учествувале на  работилница за креативно пишување организирана од библиотеката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Експлозија во Белград: Македонец загинал додека подготвувал експлозивна направа за ликвидација
Следна Статија Филипче: Економијата е во пад, ништо од балканскиот економски тигар на Мицкоски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Собранието изгласа недоверба на членовите на Судски совет Црвенковска и Адеми

Собранието попладнево во рамки на 40. седница изгласа недоверба на членовите на Судскиот совет Павлина Црвенковска и Селим Адеми, а…

March 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Ако гледаме низ призма на скрининг и реформи, би требало многу бргу да станеме членка на ЕУ

Ако гледаме низ призма на скрининг и реформски капацитети, би требало многу бргу да станеме членка на Европската Унија, ако…

March 31, 2026
МАКЕДОНИЈА

Томовски: Вилите на претседателот и на премиерот во Скопје и во Охрид сега имаат имотен лист

Кога ја презедов институцијата, ја почнавме легализацијата на државниот имот, а денес имаме имотен лист за вилите на претседателот и…

February 9, 2026
МАКЕДОНИЈА

МВР: Забраната за управување со моторно возило повеќе не се впишува во возачката дозвола, стапува на сила по добивањето на втората порака

Согласно законските измени во делот на управната постапка која се однесува на возачките дозволи и начинот на извршување на прекршочната…

March 6, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?