Турнирот Six Kings Slem кој привлече големо внимание иако беше егзибициски долго ќе го памети шпанскиот тенисер Рафаел Надал кој официјално стави крај на кариерата и во таа чест од Саудијците доби златен рекет.
Надал се појави со уште пет други великани на светскиот тенис и за тоа доби спектакуларна награда. Освен почетните милион и пол долари, кои сите ги добиваат за само учество, Надал го доби и најспектакуларниот и најскап подарок во кариерата – златен рекет.
Rafael Nadal presented with a golden tennis racket ⭐️#RiyadhSeason pic.twitter.com/nPLXoA46vF
— Sky Sports Tennis (@SkySportsTennis) October 19, 2024
По поразот од Новак Ѓоковиќ во последниот меч од ова големо ривалство во кариерата, Надал на подарок доби златен рекет од Турки Ал Шеик, претставник на организацијата на сезоната Ријад.
Турнирот веќе беше во очите на јавноста бидејќи нудат поголеми награди отколку на натпреварувачките турнири во текот на годината, вклучувајќи ги и најголемите, а Саудијците се потрудија да го испратат Надал на посебен начин со луксузна награда.
По дуелот Турки Ал Шеик излезе на теренот како организатор и му ја предаде торбата на Надал. Кога шпанскиот тенисер го извади златниот рекет сите беа изненадени.
Последен пат ваков примерок е виден во почетокот на осумдесеттите години на минатиот век на АТП турнирот во Антверпен. Тогаш златниот рекет беше доделен на победникот на тој турнир, алудирајќи на важноста на овој град, кој беше главен град на трговијата со злато.