Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Њујорчанка го прослави 104. роденден во затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ФОТО) Њујорчанка го прослави 104. роденден во затвор
ЗАБАВА

(ФОТО) Њујорчанка го прослави 104. роденден во затвор

Објавено February 14, 2025 19:00
Сподели
Сподели

Жена од Њујорк го прослави својот 104. роденден во затвор, што било дел од нејзината специјална листа на желби – да заврши во ќелија, пишува „Њујорк пост“.

Лорета, жителка на старечкиот дом „Авон“ во Џенесио, конечно си ја исполни долгогодишната желба, благодарение на полициските службеници кои ѝ овозможија да помине некое време „зад решетки“.

Во понеделникот, Лорета доброволно беше „уапсена“ и сместена во затворот на округот Ливингстон, каде што доби и специјална приватна тура низ објектот. Таа имаше можност одблиску да го види системот за надзор и просториите за евиденција на затвореници.

На фотографиите од ова несекојдневно искуство, Лорета изгледа воодушевено, особено на една каде што се обидува да стигне до пар лисици за раце.

За разлика од вообичаените „гости“ на затворот, таа имала специјален третман – роденденска забава со кафе и торта.

Оваа несекојдневна прослава се случи само два дена по нејзиниот вистински роденден, на 8 февруари. Откако открила дека нејзината единствена желба е „да ја види внатрешноста на затворот“ бидејќи никогаш претходно не била во таква установа, нејзините најблиски и полициската канцеларија направиле сè за да ѝ ја исполнат желбата.

Пред да замине, Лорета му даде едноставен, но мудар совет на шерифот Томас Дохерти за тоа како да се доживее длабока старост: „Гледај си ја својата работа!“

„Лорета прекрасно си помина во нашата затворска установа, а ние сме пресреќни што ѝ ја исполнивме роденденската желба! Благодариме за смеењето и за одличната енергија!“, пушува на фејсбук-страницата на оваа полициска станица, кои навистина уживаа во оваа прослава.

Според студија на Бостонскиот универзитет, исклучително мал број луѓе достигнуваат 100 години – само 0,027 отсто од американската популација. Од нив, дури 85 отсто се жени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Трамп повторно ќе ја поврзе Русија со Западот, а ЕУ ќе се распадне ако продолжи како што е сега
Следна Статија Поликлиниката „Бит Пазар“ доби педијатриски дежурен пункт што ќе функционира ноќе и за викенди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

Помпеја ќе го ограничи бројот на дневните посетители на 20.000

Древниот римски археолошки локалитет Помпеја во јужна Италија ќе ги ограничи дневните посетители на 20.000 како одговор на нивната растечка…

November 12, 2024
ЗАБАВА

Фановите сметаат дека времето на Диабло 4 Сезона 11 не е случајно

Излегувањето на Диабло 4 Сезона 11 по The Game Awards предизвика шпекулации за намерна стратегија.

December 5, 2025
ЗАБАВА

Голем успех за македонската култура: Гајдата впишана на листата на УНЕСКО

Културното добро „Традиционална изработка и свирење на гајда“ од денеска е впишано на Репрезентативната листа на УНЕСКО за нематеријално културно…

December 5, 2024
ЗАБАВА

(ВИДЕО) ШОК приказна: Нашла 700.000 евра под креветот и за една година ги потрошила на глупости

Весна од Шабац (Србија) моментално живее во Германија, а нејзината животна приказна го шокираше регионот со неверојатната исповед дека под…

February 24, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?