Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Орбан: Трамп повторно ќе ја поврзе Русија со Западот, а ЕУ ќе се распадне ако продолжи како што е сега
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Орбан: Трамп повторно ќе ја поврзе Русија со Западот, а ЕУ ќе се распадне ако продолжи како што е сега
СВЕТ

Орбан: Трамп повторно ќе ја поврзе Русија со Западот, а ЕУ ќе се распадне ако продолжи како што е сега

Објавено February 14, 2025 18:57
Сподели
Сподели

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави дека администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп „ќе ја „поврзе Русија повторно со економиите и енергетските мрежи на Западот доколку војната во Украина заврши“.
Орбан изјави за државното радио дека Трамп иницирал „сеопфатна промена во пристапот на Западот за голем број прашања, вклучително и Украина“, и дека пристапот на Трамп ќе доведе до „вратење на Москва под крилото на Западот“.

„Ако американскиот претседател постигне мир, ако се постигне договор, мислам дека Русија ќе биде реинтегрирана во светската економија, реинтегрирана во европскиот безбедносен систем, дури и во европската енергија. Ова ќе и даде огромен поттик на унгарската економија. Тоа е голема можност. Во мир добиваме многу“, рече Орбан.

Трамп и Путин во телефонски разговор во средата се договорија да започнат преговори за ставање крај на руската војна во Украина.

Орбан го критикуваше Западот за помошта на Украина и се закани дека ќе стави вето на санкциите на Европската унија кон Москва и го пофали Трамп за неговите разговори со Путин, велејќи дека Трамп „сака мир“.

„САД иницираа промена која го става целиот систем на аргументи, системот на вредности и начинот на размислување на западниот свет на нов колосек. Овој процес напредува многу побрзо отколку што многумина мислеа. „Ова го нарекуваме „Трамп торнадо““, рече Орбан.

Унгарија, за разлика од повеќето земји од ЕУ, продолжи во голема мера да се потпира на руската нафта и гас и ги критикуваше санкциите на ЕУ против рускиот енергетски сектор.

Орбан денеска изјави и дека ЕУ „ќе се распадне“ доколку не се намалат цените на енергенсите.

„Јас лично се уверив во 2010, 2011 година дека Европската унија е завршена“, рече тој.

„Ако Германците и Французите не смислат нешто и не ја однесат Европската унија на нов пат, тогаш нејзините денови се избројани. Нема потреба да се напушта, таа сама ќе се распадне ако продолжи вака“, смета Орбан.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ниеден гласач во Европа не излегол на избори за да ги отвори границите за милиони нелегални имигранти, порача Ванс од Минхен
Следна Статија (ФОТО) Њујорчанка го прослави 104. роденден во затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Руски уметнички лизгачи биле во авионот што се урна кај Вашингтон

Руските уметнички лизгачи и тренери Евгенија Шишкова и Вадим Наумов биле во авионот на Американ ерлајнс кој се урна во…

January 30, 2025
СВЕТ

Сијарто: Унгарија е во центарот на вниманието на светот, западните лидери се обидуваат да ја изолираат

Унгарскиот министер за надворешни работи Петер Сијарто денеска изјави дека Унгарија ја посетиле сите европски лидери во последните два дена,…

November 9, 2024
СВЕТ

Украински и руски војник ранети во урнатините на фронтот си помагале за заедно да ја избегнат смртта

Во воениот пекол на Гуљајполe во областа Запорожје, во урнатините на едно уништено засолниште, еден украински војник, освестувајќи се откако…

January 31, 2026
СВЕТ

Украина ја нападна Москва со десетици дронови – руските напади одзедоа животи на цивили

Руските власти соопштија дека собориле повеќе од 80 украински дронови насочени кон Москва преку ноќ, додека руските напади низ Украина…

June 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?