Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ФОТО) Њујорчанка го прослави 104. роденден во затвор
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > (ФОТО) Њујорчанка го прослави 104. роденден во затвор
ЗАБАВА

(ФОТО) Њујорчанка го прослави 104. роденден во затвор

Објавено February 14, 2025 19:00
Сподели
Сподели

Жена од Њујорк го прослави својот 104. роденден во затвор, што било дел од нејзината специјална листа на желби – да заврши во ќелија, пишува „Њујорк пост“.

Лорета, жителка на старечкиот дом „Авон“ во Џенесио, конечно си ја исполни долгогодишната желба, благодарение на полициските службеници кои ѝ овозможија да помине некое време „зад решетки“.

Во понеделникот, Лорета доброволно беше „уапсена“ и сместена во затворот на округот Ливингстон, каде што доби и специјална приватна тура низ објектот. Таа имаше можност одблиску да го види системот за надзор и просториите за евиденција на затвореници.

На фотографиите од ова несекојдневно искуство, Лорета изгледа воодушевено, особено на една каде што се обидува да стигне до пар лисици за раце.

За разлика од вообичаените „гости“ на затворот, таа имала специјален третман – роденденска забава со кафе и торта.

Оваа несекојдневна прослава се случи само два дена по нејзиниот вистински роденден, на 8 февруари. Откако открила дека нејзината единствена желба е „да ја види внатрешноста на затворот“ бидејќи никогаш претходно не била во таква установа, нејзините најблиски и полициската канцеларија направиле сè за да ѝ ја исполнат желбата.

Пред да замине, Лорета му даде едноставен, но мудар совет на шерифот Томас Дохерти за тоа како да се доживее длабока старост: „Гледај си ја својата работа!“

„Лорета прекрасно си помина во нашата затворска установа, а ние сме пресреќни што ѝ ја исполнивме роденденската желба! Благодариме за смеењето и за одличната енергија!“, пушува на фејсбук-страницата на оваа полициска станица, кои навистина уживаа во оваа прослава.

Според студија на Бостонскиот универзитет, исклучително мал број луѓе достигнуваат 100 години – само 0,027 отсто од американската популација. Од нив, дури 85 отсто се жени.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Орбан: Трамп повторно ќе ја поврзе Русија со Западот, а ЕУ ќе се распадне ако продолжи како што е сега
Следна Статија Поликлиниката „Бит Пазар“ доби педијатриски дежурен пункт што ќе функционира ноќе и за викенди

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЗАБАВА

ПРОКЛЕТО ДОБРО: Ријана рекламира празнична долна облека (ФОТО)

Ријана повторно воодушеви. Откако блесна на Британските модни награди, таа сега ја подигна целта уште повисоко – појавувајќи се во…

December 6, 2024
ЗАБАВА

Скот 20 минути бил во рајот: Eдна личност ме однесе на ливада од која не сакав да си заминам

Скот Драмонд имал 28 години кога доживеал тешка несреќа. Итно бил префрлен во болница и на операционата маса. За време…

December 27, 2024
ЗАБАВА

Aко премногу користите вештачка интелегенција ќе страдате од „спржен мозок“

 Наместо повеќе слободно време и помалку стрес, работата што вклучува употреба на вештачка интелигенција, кај некои вработени лица, предизвикува чувство…

March 18, 2026
ЗАБАВА

Објавена листа на најпребарувани прашања за секс на Гугл во 2024 година: дали го знаете одговорот на првото

Модерните термини поврзани со сексот понекогаш знаат да бидат збунувачки. Затоа многумина од нас се обраќаат до Google за одговори.…

December 26, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?