Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Хаменеи убиен по прецизни разузнавачки информации, објави израелската војска
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Хаменеи убиен по прецизни разузнавачки информации, објави израелската војска
СВЕТ

Хаменеи убиен по прецизни разузнавачки информации, објави израелската војска

Објавено March 1, 2026 10:45
Сподели
Сподели

Израелски одбранбени сили објавија нови детали за нападите во кои, според нивните наводи, е убиен врховниот водач на Иран, ајатолахот Али Хаменеи.

Во соопштението се наведува дека израелските воздухопловни сили, врз основа на „прецизни разузнавачки информации“ обезбедени од Воената разузнавачка служба и во координација со Мосад, го погодиле комплексот на раководството во центарот на Техеран, каде што се наоѓал Хаменеи заедно со други високи функционери.

Според израелската верзија, разузнавачките служби го откриле неговото движење и информацијата дека состанокот што требало да се одржи вечерта е поместен за сабота наутро, по што бил забрзан нападот. Американскиот претседател Доналд Трамп претходно изјави дека Хаменеи и другите лидери „не можеле ништо да направат“ откако биле лоцирани.

Сателитска снимка на компанијата Ербас, направена во 11:06 часот по локално време, прикажува густ чад и значителна штета на комплексот во централниот дел на Техеран. Според достапните информации, погодени се најмалку четири објекти.

ИДФ во соопштението оценува дека Хаменеи „промовирал екстремистичка идеологија против државата Израел и Западот“ и дека бил „татко на планот за уништување на Израел“.

Со неговата смрт, израелската војска тврди дека е „затворен историски круг со елиминацијата на лидерот на иранската терористичка оска“.

Иранските власти претходно потврдија дека врховниот водач е убиен, а во земјата е прогласена жалост. Ескалацијата на конфликтот продолжува со нови ракетни удари и закани од двете страни.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кој беше Али Хамнеи – човекот кој 36 години владееше со Иран со тврда рака
Следна Статија Xbox CEO Asha Sharma — “This team has brought it back before, and I’m here to help us do it again.” – Windows Central

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Дали Русија го употреби „Орешник“: Масовен ракетен напад врз Украина

Силни експлозии го потресоа Киев во првите часови од денешниот ден, веднаш по предупредувањето на локалните власти за масовен руски…

May 24, 2026
СВЕТ

Данската премиерка и Трамп разговарале 45 минути за Гренланд- му порачала дека не е на продажба

Данската премиерка Мете Фредериксен му кажа на Доналд Трамп дека Гренланд има право да одлучува за својата иднина. Потсетуваме дека…

January 16, 2025
СВЕТ

Трамп ги паузираше царините за Канада

Американскиот претседател Доналд Трамп денеска ги ослободи стоките од Канада и Мексико на еден месец од царините од 25 отсто…

March 7, 2025
СВЕТ

Во експлозија во Москва убиен еден од најважните руски генерали

Генерал полковник Игор Кирилов, шеф на силите за нуклеарна, биолошка и хемиска одбрана (НБЦ), рано утринава излегувал од станбена зграда…

December 17, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?