Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Чеферин денеска во посета на ФФМ, средби и со државниот врв
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Чеферин денеска во посета на ФФМ, средби и со државниот врв
СПОРТ

Чеферин денеска во посета на ФФМ, средби и со државниот врв

Објавено April 16, 2026 13:04
Сподели
Сподели

Претседателот на Европската фудбалска асоцијација (УЕФА) Александар Чеферин, денеска престојува во официјална посета на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) на покана на првиот човек на македонскиот фудбал Масар Омерагиќ.

Посетата, како што е соопштено, „претставува уште една потврда за одличните односи меѓу ФФМ и УЕФА, како на институционално, така и на лично ниво“.

„ФФМ е високо ценета во рамки на европското фудбалско семејство, а присуството на Александар Чеферин дополнително ја нагласува поддршката за развојните процеси во македонскиот фудбал“, се наведува во соопштението на „Куќата на фудбалот“.

Заедно со првиот човек на европскиот фудбал, во делегацијата се и Зоран Лаковиќ, директор за национални асоцијации во УЕФА, како и Денис Бастари, раководител за развој на национални асоцијации во УЕФА.

Според агендата, Александар Чеферин, ќе биде примен од премиерот Христијан Мицкоски и министерот за спорт, а ќе има средба и со министерот за спорт Борко Ристовски, по што ќе следува состанок во „Куќа на фудбалот“.

Фокусот на разговорите е ставен на идните насоки за унапредување на фудбалот во Македонија, од реализација на значајни инфраструктурни проекти, до дополнителен развој и поддршка на младинските категории.

„Александар Чеферин важи за голем пријател на македонскиот фудбал, а неговата посета е јасна потврда за заложбите на ФФМ и претседателот Омерагиќ во континуираниот развој и афирмација на фудбалот во земјата. Дополнително, посетата се очекува да придонесе за продлабочување на соработката преку нови конкретни проекти и иницијативи под капата на УЕФА, со цел создавање подобри услови за развој на фудбалот на сите нивоа“, се наведува во соопштението

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Поради небезбедна храна пред Велигден изречени глоби од над 19 илјади евра
Следна Статија Се зголеми бројот на убиени во масакрот во училиште во Турција

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Партизан му посака добредојде на македонскиот репрезентативец Димоски

Фудбалскиот репрезентативец на Македонија, Бојан Димоски, и официјално е нов член на белградски Партизан, објави српскиот клуб на Инстаграм, посакувајќи…

February 8, 2025
СПОРТ

В недела ќе биде само втор официјален натпревар меѓу Аргентина и Шпанија

Финалето на Светското фудбалско првенство во кое в недела во Њу Џерси ќе играат Аргентина и Шпанија ќе биде само…

July 17, 2026
СПОРТ

Ристовски се сели во Турција

Поранешниот капитен на фудбалската репрезентација на Македонија, Стефан Ристовски, ќе го напушти Динамо Загреб. „Спортске новости“ пишуваат дека кариерата ќе…

June 21, 2025
СПОРТ

Роналдо го обнови договорот со Ал-Наср до 2027 година

Португалската суперѕвезда Кристијано Роналдо официјално потпиша нов договор со Ал-Наср од Саудиска Арабија до 2027 година, објави клубот. Роналдо беше…

June 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?