Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Се зголеми бројот на убиени во масакрот во училиште во Турција
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Се зголеми бројот на убиени во масакрот во училиште во Турција
БАЛКАН

Се зголеми бројот на убиени во масакрот во училиште во Турција

Објавено April 16, 2026 16:26
Сподели
Сподели

Уште едно лице почина денеска во болница како последица на ранувањето во вчерашното пукање во училиште во Турција.

По пукањето во кое беа убиени девет лица, а 13 беа ранети, шестмина од нив беа во критична состојба.

Иса Арас Мерсинли, кој имал 14 години, вчера пукаше во две училници во средно училиште во јужниот град Кахраманмараш, убивајќи една наставничка и осум ученици. Напаѓачот, кој исто така настрада, пристигнал во училиштето со пет парчиња огнено оружје и седум рамки кои му припаѓале на неговиот татко, пензиониран висок полициски функционер, кој беше уапсен по нападот.

Нападот се случи само еден ден откако 16 лица беа ранети кога поранешен ученик пукаше во средно училиште во соседната провинција Шанлиурфа. Поголемиот дел од жртвите беа ученици. Напаѓачот подоцна изврши самоубиство. До денес, 20 лица се приведени во врска со пукањето во вторникот во Шанлиурфа.

Министерствата за внатрешни работи и за образование одржаа заеднички состанок во Анкара за безбедноста во училиштата, на кој присуствуваа надлежните министри, сите 81 гувернери на турските провинции, како и шефовите на полицијата и претставници на образовните институции по провинции.

Турската полиција откри дека вчерашниот напаѓач на својата профилна слика на Вацап (WhatsApp) имал слика од Елиот Роџер, студентот кој уби шест лица во Калифорнија во 2014 година.

Министерството за семејство и социјални работи денеска соопшти дека формирало тим за давање психосоцијална поддршка на учениците и нивните семејства, како и дека планира сеопфатна истрага за слични инциденти.

Денеска беа одржани погребите на учениците, кои имале по 11 години, убиени вчера и на наставничката по математика Ајла Кара (55), која почина за време на нападот.

Стотици наставници се собраа денеска во Анкара и Измир барајќи поголема безбедност во училиштата. До оваа недела, училишните пукања беа ретки во Турција.

Сепак, десетици ученици беа уапсени денеска поради објави на социјалните мрежи кои навестуваа можни слични напади. Министерот за правда Акин Гурлек соопшти дека 67 корисници на социјалните мрежи се задржани поради објави насочени кон 54 различни училишта.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Чеферин денеска во посета на ФФМ, средби и со државниот врв
Следна Статија Специјализациите во медицината од шест се скратуваат на пет години

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Грчка европратеничка: „Јас сум вистинска Македонка, а не лажна како резидентите во Скопје, нивниот јазик е бугарски дијалект“

Серија навредливи пораки беа испратени вчера на пленарната седница на Европскиот парламент на која се дебатираше за Извештајот за напредокот на…

July 9, 2025
БАЛКАН

Брнабиќ: Не би рекла дека Србија и Русија имаат братски односи

Претседателот на српскиот парламент на конференцијата GLOBSEC во Прага изјави дека односите меѓу Србија и Русија не се братски, додавајќи…

May 25, 2026
БАЛКАН

Радев му го укина обезбедувањето на Борисов

Националната служба за заштита (НСЗ), под индиректна палка на претседателот Румен Радев, донесе одлука која ги соголи двајцата најмоќни луѓе…

May 14, 2026

Онеида нацијата ги откажува договорите со ICE по реакциите на јавноста

На 2 јануари, претседателот на Онеида, Техаси Хил, истакна дека советот на племето не бил свесен за договорите меѓу ICE…

January 4, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?