Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Српски државјани со криминални досиеја вратени од аеродромот во Тиват: Наводно, нивната задача била да го обезбедат Вучиќ
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > БАЛКАН > Српски државјани со криминални досиеја вратени од аеродромот во Тиват: Наводно, нивната задача била да го обезбедат Вучиќ
БАЛКАН

Српски државјани со криминални досиеја вратени од аеродромот во Тиват: Наводно, нивната задача била да го обезбедат Вучиќ

Објавено June 3, 2026 22:26
Сподели
Сподели

Црногорската полиција спроведува безбедносни проверки на група српски државјани кои утрово пристигнале со чартер-лет од Белград на аеродромот во Тиват, во пресрет на Самитот ЕУ – Западен Балкан.

Од Управата на полицијата соопштија дека околу 90 лица биле издвоени за дополнителни контроли веднаш по слетувањето на авионот. Според нив, станува збор за дел од засилените безбедносни активности што се спроведуваат поради одржувањето на регионалниот самит.

„Во тек се проверки на лицата и на причините за нивното доаѓање и престој во Црна Гора. Согласно со законот ќе бидат преземени сите потребни мерки, вклучително и рестриктивни мерки доколку постојат законски основи“, соопшти полицијата.

Според дел од црногорските медиуми, меѓу патниците има лица кои се евидентирани како безбедносно интересни и наводно им бил забранет влез во земјата. Истите извори тврдат дека дел од нив би можеле да бидат вратени во Белград со првиот достапен лет.

Медиумите, повикувајќи се на полициски извори, наведуваат и дека постојат сомнежи оти групата пристигнала во Тиват со задача неформално да го обезбедува престојот на српскиот претседател Александар Вучиќ за време на самитот. Овие информации засега не се официјално потврдени од надлежните институции.

Полицијата информира дека авионот бил задржан на пистата додека траеле деталните проверки на патниците и најави дека јавноста дополнително ќе биде информирана за исходот од постапката.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Градежништвото и потрошувачката и натаму генератори на растот
Следна Статија (ВИДЕО) Рим погоден од бура и торнадо

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

БАЛКАН

Пекол на грчките острови: Пожари на Хиос и Евија, евакуирани населени места и хотел

Шумски пожари го зафатија егејскиот остров Хиос, принудувајќи евакуација на шест населени места, пренесе „Катимерини“. Најтешко е погодена областа Агиос…

June 23, 2025
БАЛКАН

Урош Блажиќ прогласен за виновен за масакрите во Мало Орашје и Дубона, но може да добие најмногу 20 години

Урош Блажиќ, кој на 4 мај 2023 година уби девет и рани 12 лица во селата Мало Орашје и Дубона…

December 12, 2024
БАЛКАН

Газдата на Пинк отвори дигитална редакција без новинари, ќе се шири и во Македонија (ФОТО)

Жељко Митровиќ, сопственик и директор на Пинк Медиа Груп, претстави нова дигитална редакција која користи 1.200 роботи со вградени вештачки…

March 15, 2026
БАЛКАН

ВО ЖИВО За да се спречи насилство, студентите ја сменија локацијата на протестот во Белград

Студентите на Електротехничкиот факултет во Белград кои се во блокада утринава најавија дека локацијата на протестот во 16 часот се…

March 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?