Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Шпанската полиција влезе во седиштето на владејачката партија на премиерот Санчез
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Шпанската полиција влезе во седиштето на владејачката партија на премиерот Санчез
СВЕТ

Шпанската полиција влезе во седиштето на владејачката партија на премиерот Санчез

Објавено May 27, 2026 15:10
Сподели
Сподели

Шпанската полиција влегла во седиштето на владејачката Социјалистичка работничка партија на Шпанија во Мадрид со судски налог, со цел да собере информации за можна незаконска финансиска шема поврзана со поранешна членка на партијата, објави шпанската јавна телевизија RTVE.

Во центарот на истрагата е Леире Диес, која е осомничена за незаконски исплати поврзани со државниот холдинг SEPI, што управува со дел од стратешките компании во државата.

Оваа акција доаѓа само два дена откако судија го повика поранешниот шпански премиер Хосе Луис Родригес Сапатеро да даде исказ во случајот „Плус Ултра“, во кој е осомничен за трговија со влијание и перење пари.

Паралелно, во тек е и постапка против сопругата на актуелниот премиер Педро Санчез поради сомнежи за трговија со влијание.

Полицијата веќе еднаш влезе во седиштето на PSOE во јуни минатата година, кога тогашниот партиски секретар Сантос Сердан беше обвинет за наводно местење договори за јавни работи.

Новите афери дополнително го зголемуваат притисокот врз Санчез, кој е на власт од 2018 година, а следната година го очекуваат парламентарни избори.

Во меѓувреме, Санчез денеска престојува во Ватикан на средба со папата.

Лидерот на опозициските конзервативци Алберто Нуњез Феихоо побара распишување предвремени избори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Граѓаните имаат рок до 1 јуни да ги потврдат даночните пријави за 2025 година
Следна Статија Култните скопски хотели „Бристол“ и „Јадран“ одат на продажба

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Израелската влада го одобри договорот со Хамас

Израелската влада синоќа го одобри договорот со кој Хамас ќе ги ослободи сите 48 преостанати заложници во Газа, соопшти Кабинетот…

October 10, 2025
СВЕТ

Русија ја нападна Украина со дронови и ракети, Полска крена во воздух борбени авиони

Русија започна голем напад со ракети и дронови врз украинските градови преку ноќ, при што загина најмалку едно лице, а…

September 20, 2025
СВЕТ

Рубио: Мировен договор меѓу Русија и Украина мора да се постигне наскоро

Американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека мировен договор меѓу Русија и Украина мора да се постигне наскоро и дека…

April 27, 2025
СВЕТ

Русија тестираше нова нуклеарна крстосувачка ракета, Путин тврди дека никој нема такво оружје

Руската армија успешно ја тестираше својата нуклеарна крстосувачка ракета „Буревестник“, способна да носи нуклеарна боева глава, за која Москва тврди…

October 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?