Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Рубио: Мировен договор меѓу Русија и Украина мора да се постигне наскоро
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Рубио: Мировен договор меѓу Русија и Украина мора да се постигне наскоро
СВЕТ

Рубио: Мировен договор меѓу Русија и Украина мора да се постигне наскоро

Објавено April 27, 2025 17:27
Сподели
Сподели

Американскиот државен секретар Марко Рубио кажа дека мировен договор меѓу Русија и Украина мора да се постигне наскоро и дека Вашингтон се обидува да утврди дали се исплати да продолжи да дејствува како посредник во тој процес.

„Не можеме да продолжиме да посветуваме време и ресурси на овие настојувања ако тие нема да вродат со плод“, кажа Рубио за Ен-би-си.

„Минатата недела навистина се бавев со тоа колку тие страни се сушност блиску и дали се доволно блиску за тоа да може да го оправда континуираното вложување на нашето време како посредник во тој процес“, додаде шефот на американската дипломатија.

Рубио не кажа колку долго владата на американскиот претседател Доналд Трамп е спремна да чека на постигнување напредок.

Трамп вчера кажа дека рускиот претседател Владимир Путин „може не сака да ја прекине војната“ во Украина и дека можеби „само го влече“, заканувајќи ѝ се на Москва со јакнење на санкциите.

Тој тоа го напиша на социјалната мрежа Трут соушал по разговорот со украинскиот претседател Володимир Зеленски во Ватикан на маргините на погребот на папата Франциско.

Москва, пак, вчера објави дека Путин на состанокот со американскиот претставник Стив Виткоф во петокот кажал дека е спремен да преговара за исход на конфликтот во Украина „без какви било предуслови“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Села: 27 април е денот кога за првпат беше избран Албанец за претседател на Собрание
Следна Статија Албански државјанин баран со меѓународна потерница приведен на ГП „Блато”

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Трамп го прекина Стармер на прес-конференција: „Доста е“

За време на заедничката прес-конференција во Белата куќа, американскиот претседател Доналд Трамп го прекина говорот на британскиот премиер Кир Стармер.…

February 28, 2025
СВЕТ

Клучните германски политичари го споредуваат Илон Маск со Путин

Технолошкиот милијардер и близок сојузник на Трамп ја шокираше германската политика со тоа што јавно ја поддржа екстремно десничарската партија…

December 30, 2024
СВЕТ

Орбан: Унгарија нема да стане украинска колонија, Зеленски не командува тука

Унгарскиот премиер Виктор Орбан денеска изјави на социјалните мрежи дека украинскиот претседател Володимир Зеленски не командува во Унгарија и дека…

March 14, 2026
СВЕТ

(Видео) Откриено потеклото на џиновските радио кругови во вселената?

Невообичаени, остри кругови од радио бранови што се појавуваат во длабоката вселена ги збунуваат астрономите уште од нивното откривање во…

September 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?