Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Села: 27 април е денот кога за првпат беше избран Албанец за претседател на Собрание
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Села: 27 април е денот кога за првпат беше избран Албанец за претседател на Собрание
ПОЛИТИКА

Села: 27 април е денот кога за првпат беше избран Албанец за претседател на Собрание

Објавено April 27, 2025 17:24
Сподели
Сподели

Горди сме што денеска по осум години може да кажеме дека 27 април беше катализатор за нови промени кои што му се случија на ова општество. Тоа беше денот кога почна да се размислува различно, не со логиката за блокирање на евроинтегративните процеси, туку со логиката на компромис на којшто треба да се состои политичкото дејствување, порача денеска лидерот на Алијанса за Албанците Зијадин Села, на прес-конференција по повод упадот во Собранието на 27 април 2017 година.

Според Села, изборот на Албанец за претседател на законодавниот дом требало да се случи многу поодамна, бидејќи, како што рече, тоа ја прави земјава уште побогата и попросперитетна.

– 27 април има и други симболики, тоа е денот кога за првпат беше избран Албанец за претседател на Собрание. Тоа требаше да се случи многу поодамна, но, ете, 2017 се случи нештото и тоа ја прави Македонија уште побогата и никако не ја враќа назад. Зборувам како претседател на партија, една од причините зошто бев таму. Тој ден беше денот кога јас одлучив дека време е да се донесе закон за употреба на јазиците, закон кој ќе ја искористи целата можност што ја дава Уставот и да не се дозволува албанскиот јазик по потреба, рече Села.

Оцени дека албанскиот јазик не е регулиран како што треба, бидејќи, како што рече, се работи за еден од најстарите јазици во светот на кој земјава би требало да е горда да стои рамноправен со македонскиот.

– Имајќи предвид за тоа што се случува со Уставниот суд којшто сака да го укине овој Закон, тоа е добриот одговор за тоа дека законот е добар. Дали албанскиот јазик е регулиран како што треба? Секако дека не. Албанскиот јазик е еден од најстарите јазици во светот и Македонија треба да е горда албанскиот јазик да стои рамноправен со македонскиот јазик, тоа ќе не прави побогати како држава и помирни со повеќе перспектива како држава со поглед кон иднината, рече Села.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дресот на Коби продаден за 7 милиони долари
Следна Статија Рубио: Мировен договор меѓу Русија и Украина мора да се постигне наскоро

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Куновска за Филипче: Дали СДСМ драматично тоне под негово водство?

Дали СДСМ драматично тоне под негово водство? Дали сета кадровска политика и за органите во партијата и за кандидатите за…

December 4, 2025
ПОЛИТИКА

СДСМ реагира за пругата која треба да се прави со британските пари

Во ВМРО-ДПМНЕ не се знае кој повеќе лаже. Мицкоски пред два дена најави дека пругата од британскиот кредит ќе започне…

June 19, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Со ВМРО-ДПМНЕ ќе останеме периферија и на Балканот

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, вчера меѓу граѓаните во Свети Николе изјави дека секој ден сме сведоци на хаос во…

September 17, 2025
ПОЛИТИКА

ДУИ до Филков: Тргнете ги рацете од судството и обвинителството

ДУИ до Филков упати остра политичка порака по неговата денешна изјава за одлуката Артан Груби да добие куќен наместо ефективен…

February 24, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?