Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ – Христијан Мицкоски на брифинг со новинарите во Клубот на пратеници презентираше податоци од три анкети.
Според него, ВМРО-ДПМНЕ има убедливо најголема поддршка кај граѓаните со рејтинг од 25,2 проценти од вкупниот број испитаници.
СДСМ, според анкетите, има рејтинг од 8,6 проценти од вкупниот примерок, па следуваат ДУИ со 8,1 процент, ВЛЕН со 6,8 проценти и Левица со 6,2 проценти.
Презентираните податоци покажаа дека ЗНАМ има поддршка од 2,3 проценти.
