Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Пуштена новата фабрика на „Макрогрес“ од 8,5 милиони евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Пуштена новата фабрика на „Макрогрес“ од 8,5 милиони евра
ЕКОНОМИЈА

Пуштена новата фабрика на „Макрогрес“ од 8,5 милиони евра

Објавено June 8, 2026 17:36
Сподели
Сподели

Нова фабрика за производство на вафли од брендот „Винчини“, инвестиција од 8,5 милиони евра пушти во употреба денеска компанијата „Макпрогрес“, во присуство на премиерот Христијан Мицкоски.

Генералниот директор на „Винчини“ Глигор Цветанов информираше дека инвестицијата од 8,5 милиони евра е од сопствени средства и кредити од комерцијалните банки вклучително и дел кредити од унгарската линија која ја обебзеди Владата.

– Покрај првичните 40 вработувања, од кои дел се од постојните вработени, а дел нови, следната година се планирани уште 40 бидејќи ќе се удвои капацитетот на прооизводство, најави Цветанов.

Објектот, како што рече, е изграден за шест месеци, а располага со две современи производни линии за производство на вафли и сродни кондиторски производи, наменети за домашниот и за странските пазари.

Премиерот Христијан Мицкоски најави натамошна поддршка за домашните бизниси, потенцирајќи дека е импресиониран инвестиција затоа што „Макпрогрес“ од скромен семеен бизнис прерасна во регионален гигант со промет од над 40 милиони евра.

– Компанијата е еден од темелите на македонската кондиторска индустрија. Како Влада ќе сториме се што можеме за да помагаме ваков бизнис бидејќи 80 проценти е наменето за извоз. Ги сушнавме амбициите и целите и ќе сториме се како Влада да помогнеме да бидеме додадена вредност во делот на реалзиација – рече Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анкети: ВМРО-ДПМНЕ има рејтинг од 25,2 отсто, СДСМ е на 8,6
Следна Статија Клиничкиот центар во Скопје треба да се гради на платото пред базенот Борис Трајковски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Очекувам инфлацијата да биде под 3%, односно во рамките на она што го проектираме, вели Мицкоски

Претседателот на Владата на Република Македонија, Христијан Мицкоски денеска одговарајќи на новинарско прашање во однос на тоа дека Државниот завод…

February 18, 2026
ЕКОНОМИЈА

ПИОМ е узурпиран и во катастрофална состојба со над 400 тужби од вработените и кривични против претходни директори

Фондот за пензиско и инвалидско осигурување (ПИОМ) функционира со 491 вработен од 950 планирани работни места или со 50 отсто…

November 4, 2024
ЕКОНОМИЈА

УЈП: Нова можност за издавање код за идентификација за интегрирана наплата

Управата за јавни приходи ги информира даночните обврзници и вршителите на сметководствена дејност дека заврши со надградба на системот за…

March 8, 2025
ЕКОНОМИЈА

Раст од 5,2 проценти на индустриското производство во март на годишно ниво

Индустриското производство во март годинава е зголемено за 5,2 проценти во однос на март минатата година, а во првиот квартал…

April 30, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?