Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: На 12 јуни започнуваат преговорите за „Роаминг како дома“
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > На 12 јуни започнуваат преговорите за „Роаминг како дома“
ЕКОНОМИЈА

На 12 јуни започнуваат преговорите за „Роаминг како дома“

Објавено June 8, 2026 10:41
Сподели
Сподели

Во рамки на иницијативата „Роаминг како дома“ на 12 јуни годинава ќе се одржи состанок помеѓу министрите од Западен Балкан и претставници на Европската Комисија, со што започнуваат секторски преговори со секоја од земјите поединечно, каде ќе се дискутираат главните елементи на преговарачката рамка, следните чекори и статусот на подготвеноста на секоја земја.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека иницијативата „Роаминг како дома“ претставува еден од највидливите придобивките од пристапувањето кон Европската Унија, затоа што директно влијае врз граѓаните и компаниите, особено оние коишто патуваат во Европската унија – со помали трошоци за мобилна телефонија, СМС пораки и мобилен интернет.

Позитивно е дека преговараме секоја држава за себе, што значи дека колку побрзо ќе ги исполниме условите и побрзо ќе тече процесот, толку побрзо и ќе го завршиме. Очекувам во текот на оваа година да завршат преговорите, да го утврдиме текстот на договорот, тој да помине на владина седница и да биде ратификуван со Собранието и да бидеме подготвени први да го започнеме овој процес од Западен Балкан. Мојата искрена надеж е дека тоа ќе биде јануари 2027 година – изјави Андоновски.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски, денеска на брифинг со медиумите посочи дека иницијативата „Роаминг како дома“ претставува еден од највидливите придобивките од пристапувањето кон Европската Унија, затоа што директно влијае врз граѓаните и компаниите, особено оние коишто патуваат во Европската унија – со помали трошоци за мобилна телефонија, СМС пораки и мобилен интернет.

Овој процес за граѓаните и компаниите значи намалување или укинување на дополнителните трошоци при патување и комуникација со земјите од Европската Унија. Со ова, како што појасни Андоновски, граѓаните по истите цени кои што ги плаќаат пакетите за користење на мобилни услуги, повици, СМС пораки и интернет во државата ќе можат да ги користат и погодностите при патување во Европската Унија, и спротивно граѓаните од ЕУ кога ќе дојдат во Македонија ќе можат да ги користат своите пакети по исти услови.

Од наша страна клучниот дел од подготовката е завршен. Регулаторниот пакет, со измените на Законот за електронски комуникации и дополнителните измени на подзаконските акти се подготвени. Законот е утврден на седница на Влада и испратен на мислење во Европската Комисија. Станува збор за четири регулативи и директиви, и директивата КОД, кои што се применети и очекуваме да добиеме повратен одговор по почетокот на преговорите – изјави Андоновски.

Министерството за дигитална трансформација, како што беше посочено на денешниот брифинг, подготвено го очекува почетокот на овој процес, укажувајќи дека веќе е формиран преговарачки тим составен од претставници на повеќе надлежни институции.

Советот на Европската Унија на 4 јуни го одобри отпочнувањето на преговори со земјите од Западен Балкан, а следниот чекор е секторски преговори со секоја од земјите поединечно, што ќе започнат со првиот состанок на министрите за телекомуникации од Западен Балкан на 12 јуни со Европската Комисија и потоа очекуваме да ни бидат предложени кои се основните параметри на преговарачката рамка, како таа ќе изгледа, кој е процесот и роковите и веднаш потоа ќе започнеме од наша страна со преговори – појасни Андоновски.

Европскиот електронски комуникациски кодекс претставува еден од клучните правни акти кои се дел од европското законодавство поврзано со „Роаминг како дома“, а неговото транспонирање е важен предуслов за понатамошно приклучување кон европскиот режим за роаминг.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Верниците го започнуваат Петровденскиот пост
Следна Статија (ВИДЕО) Расте бројот на жртви од разорниот земјотрес на Филипините

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

ССМ: Минималните месечни трошоци во ноември 65.173 денари

Минималните трошоци на едно семејство во ноември изнесуваат 65.173 денари, а со изнајмен стан од 60 квадрати изнесува 80.548 денари.…

November 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Годишна инфлација околу четири проценти, силни контроли во супермаркетите

Годишната инфлација ќе се движи околу четири проценти, изјави денеска премиерот Христијан Мицкоски. Според него, ваквите проекции за инфлацијата се…

January 7, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски не очекува покачување на цената на струјата за домаќинствата

Премиерот Христијан Мицкоски изјави дека не очекува поскапување на струјата за домаќинствата во јануари. Одговарајќи на новинарско прашање Мицкоски рече…

October 28, 2024
ЕКОНОМИЈА

Circle и Binance во стратешко партнерство за забрзување на глобалното усвојување на USDC и криптовалути

Водечките компании во крипто индустријата, Circle Internet Group Inc. и Binance, објавија ново стратешко партнерство на Финансиската недела во Абу…

December 11, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?