Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: ПРЕМИЕРОТ СМИРУВА: Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > ПРЕМИЕРОТ СМИРУВА: Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни
ЕКОНОМИЈА

ПРЕМИЕРОТ СМИРУВА: Има доволно нафта и нафтени деривати, граѓаните да бидат спокојни

Објавено March 7, 2026 14:29
Сподели
Сподели

Има доволо нафта и нафтени деривати, граѓаните треба да бидат спокојни, а Владата веднаш ќе интервенира ако има драматичен скок на цената, порача денеска премиерот Христијан Мискоски.

Одговорајќи на новинарски прашања по поставувањето камен-темелник на новиот кампус на Униветзитетот „Мајка Тереза“’, Мицкоски напомена дека не би ги коментирал одлуките на Регулаторната комисија за енергетика, зашто таа институција е, рече, независна и носи одлуки врз основа на методолгоија.

-Имавме состанок со поголемите дистрибутери на нафта и нафтени деривати. Заедникки беше заклучокот дека има доволно нафта и нафтени деривати. Граѓаните треба да бидат спокојни, кај нас цената е драматично пониска од онаа во соседството. Ако литар во Србија е 120 денари, кај нас е 70, исто е ако споредиме и со Косово, Албанија. Уште еднаш како Влада покажуваме дека стандардот на граѓаните ни е пред се. Доколку има драматичен скок на цената на нафтата и нафтените деривати, Владата веднаш, уште во вторник, на редовна седница, ќе интервенира. Имаме неколку опции – дали ќе намалиме акциза или ДДВ, ние апсоултно ќе застанеме во одбрана на она што е наш интерес, а тоа е стандардот на граѓаните, подвлече Мицкоски.

Според него, инфлацијата и трошоците за живот во јануари се на ниво од 3,1 отсто, но очекува овие бројки да се стабилзиираат во февруари и да бидат под три проценти.

-Добро е што авторите на т.н. минимална синдикална кошничка јавно кажаа дека јавноста е манипулирана и дека тоа не е минимална, туку просечна кошничка изработена од синдикатот. По неколку месеци јавноста се увери во тие политички манипулации. Ние алатките што ги имаме преку ДПИ и Комисијата за заштита на конкуренцијата ќе ги искористиме сите, го менуваме и законот, ги зголемуваме глобите за 10 – 20-кратно. Секое нефер или девијантно однесување на маркетите ќе биде најстрого и најжестоко казнето. Во делот на поскапувањето на енергенсите, ние и во најтешкото, кога дојдовме како Влада, не ја зголемивме цената на енергенсите, кога станува збор за електричната енергија. Дел од опозициските партии од една страна велат дека се борат за интересот на граѓаните, а од друга ја обвинуваат Владата зошто по толку ниска цена ја продава електричната енергрија на снабдувачот. Тоа се тие лицемерни политики, на двојни стандарди, истакна премиерот.

Тој потврди дека имало информации за наводни забрани на точење нафта на некои бензински пумпи по 22 часто, но, инспекциите, како што информира, се постојано на терен.

– Имаше такви информации, ДПИ е на терен, имаме информации што се случува, секое девијантно однесување ќе биде санкционирано согласно закон. Ние како Влада апсолутно застануваме зад граѓаните, тие се нашиот интерес кој мора да биде одбранет и ние тоа го правиме скоро две години, повтори Мицкоски.

Според него, државните резереви се отприлика над 62 дена, во однос на вкупната дневна потрошувачка на нафта и нафтени деривати, шпо не е проблем и се на највоисоко историско ниво согласно законот, треба да постои методолгоија како да се дојде до 90 дена.

– Тоа не значи дека ние во моментот треба да имаме, туку се носи преку Министрството, а ние таа методологија ја имаме донесено, и ќе дојдеме до 90 дена, рече Мицкоски.

На прашањето дали е загрижен од нов ифлаторен шок со оглед на војната на Блискиот Исток, премиерот одговори дека Владата будно ја следи состојбата и ако треба, ќе интервенира.

-Можноста за нова инфлација, ако потрае кризата во Заливот, е возможна и апсолутно е на маса и ние согласно развојот на настаните, така реагираме. Ние не сме политичка гарнитура што сака да внесува страв, туку сме политичка гарнитура која ги антиципира предизвиците, нуди решенија и се труди да има поинаква атмосфера во опшптешството, нагласи Мицкоски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Legacy Of Kain: Defiance Remastered Switch Versions Hit With Last-Minute Delay – Nintendo Life
Следна Статија A new app alerts you if someone nearby is wearing smart glasses – TechCrunch

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Златото се приближува до 4.000 долари

Златото се искачи на уште едно рекордно високо ниво – близу 4.000 долари за унца – додека затворањето на американската…

October 6, 2025
ЕКОНОМИЈА

Силвер остро падна, предизвикувајќи загриженост кај инвеститорите

Драматичен пад на силвер ги поколеба пазарните очекувања, истакнувајќи ја потребата од внимателна анализа и стратегиско размислување

February 6, 2026

Преуредете го вашето работно место со 60$ попуст на Anker Prime станица за докување

Поврзете до три монитори одеднаш и зголемете ја вашата продуктивност

January 9, 2026
ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Започна изградбата на нов продажен маркет на „Лидл“, ова е уште една потврда дека сме вистинска дестинација за инвеститорите

Премиерот Христијан Мицкоски денес се обрати на поставувањето на камен-темелник на нов продажен маркет на „Лидл“, проект кој е важен…

September 3, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?