Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Петрушевски: Дали Коцевски бил обвинител одговорен да го следи издавањето на ПИ-мерките со кои се прислушувани Мицкоски, новинари и бизнисмени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Петрушевски: Дали Коцевски бил обвинител одговорен да го следи издавањето на ПИ-мерките со кои се прислушувани Мицкоски, новинари и бизнисмени
ПОЛИТИКА

Петрушевски: Дали Коцевски бил обвинител одговорен да го следи издавањето на ПИ-мерките со кои се прислушувани Мицкоски, новинари и бизнисмени

Објавено September 2, 2025 13:33
Сподели
Сподели

СДС, Зоран Заев и Венко Филипче ги злоупотребувале АНБ и Агенцијата за разузнавање, ги прислушувале претседателот Христијан Мицкоски, новинари и бизнисмени.

Службите за безбедност и разузнавање во периодот од 2019 до 2024 година, наместо за државата, работеле за СДС, а со цел политички прогон и хајка против ВМРО-ДПМНЕ и претседателот Христијан Мицкоски, замолчување на новинарите и уцена на бизнисмените, рече на прес-конференција Бране Петрушевски, пратеник на ВМРО-ДПМНЕ.

Ова, како што додаде, е скандал од невидени размери.

„И тоа токму од партијата што на власт дојде со проектот ‘Вистината за Македонија’. 7 години потоа вистината е поинаква, грда, но и болна.

СДС како тогашна власт ја следела опозицијата, ВМРО-ДПМНЕ. И сега сигурно ќе се правдаат со разноразни белешки, инструирани и фабрикувани случаи за надворешно влијание, измислени и наместени причини. Но, реалноста е болна, а тоа е дека употребувале државен апарат за политичка елиминација.

Според сознанијата што ги имаме, претседателот Мицкоски, неосновано и со една единствена цел, политичка елиминација, бил ставен на оперативна обработка од страна на службите што ги водели кадри на СДС“.

Според Петрушевски, АНБ на Виктор Димовски и Заре Милошески, како и АР на Еролд Муслиу, го следеле Христијан Мицкоски, неговото движење, неговата комуникација и неговото дејствување.

Како што оценува, следењето политички противник, заради негова политичка елиминација со помош на државни ресурси, е крајно тоталитаристички чин и метод, кој не е виден никаде во развиените западни демократии, особено не во последните 100 години.

„Она што Уставот го гарантира, а тоа е слободата на движење, слободата на говор и политичко организирање, му било загорзено на претседателот Христијан Мицкоски од страна на СДС.
Овие сознанија што ги имаме ние, но и во многу подетаљна форма, поткрепена со факти, ги има и ЈО.
Наместо молк, очекуваме одговори, и одговорност. Наместо летаргија, одлучна акција.

Прашања на кои мора да одговорат се:

1. Кој бил одговорен да го следи издавањето на ПИ-мерките од 2019 до 2024 година? Дали е, всушност, сегашниот јавен обвинител Љупчо Коцевски? Ако тоа е така, станува сосема јасно зошто СДС и ДУИ не гласаа за негово разрешување. Дополнително, денес Венко Филипче е опкружен со истите луѓе што прислушувале и злоупотребувале државен систем. Истите тие се дел од понудата на СДС.

2. Кому и зошто му служеле прислушуваните материјали? Во која европска држава се следат лидер на најсилна партија и новинари и медиуми? Дали со добиените информации се тргувало со влијание и се уценувале бизнисмени“, прашува Петрушевски.

Побара ЈО итно и недвосмислено да отвори случај и да бара одговорност од Виктор Димовски, Заре Милошески и од Еролд Муслиу и нивните политички наредбодавци во врвот на СДС.

Петрушевски вели дека тоа што во Македонија било пракса 5 години, а од кое му се гади на секој нормален човек, мора да биде казнето и никогаш да не се повтори.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Донарума ќе го брани голот на Манчестер сити
Следна Статија (Вознемирувачко) Малолетнички тепале девојче во Чаир, го снимиле нападот и го објавиле на социјалните мрежи

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Скопјани со денови се трујат, горењето на Дрисла е сериозна опасност за уште поголема катастрофа, велат од СДСМ

„Пожарот во Дрисла се уште не е изгаснат, власта со денови не може да се справи додека скопјани се трујат.…

September 12, 2025
ПОЛИТИКА

Манасиевски: Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Заев, Филипче и Љупчо Николовски?

Дали 1,3 милиони евра од набавката на житото во 2022 година, завршиле во џебовите на Зоран Заев, Венко Филипче и…

December 5, 2025
ПОЛИТИКА

Филипче: Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа

Бугарија треба да каже дека нема да има барања на непринципиелна основа, рече претседателот на СДСМ, Венко Филипче, на маалска…

June 7, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: „Додека не ја променат оптиката што е својствена за песочните плажи, уште долго ќе бидат во опозиција!“

Овие 7 години откако сум претседател на ВМРО-ДПМНЕ и 9 месеци претседател на Владата што не сум се изнаслушал и…

February 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?