Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Донарума ќе го брани голот на Манчестер сити
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СПОРТ > Донарума ќе го брани голот на Манчестер сити
СПОРТ

Донарума ќе го брани голот на Манчестер сити

Објавено September 2, 2025 13:28
Сподели
Сподели

Џанлуиџи Донарума е последното засилување на Манчестер сити, во летниот преоден рок, потврди англискиот клуб во објава на социјалните мрежи.

Донарума, до неодамна голман на Пари Сен Жермен, пристигна во синиот дел на Манчестер во трансфер вреден околу 35.000.000 евра.

Сити евтино помина бидејќи Донарума влезе во последната година од договорот. Пари Сен Жермен, не сакаше да дозволи по завршувањето на сезоната тој да замине без обесштетување, што им се случи минатото лето со Килијан Мбапе.

Џиџи има само 26 години, а зенитот на неговата кариера допрва треба да дојде. Тој ја освои Лига 1 четири пати, додека еднаш го крена Купот на Франција. Ја освои Европа со „Аѕурите“ во 2021 година, а ја освои и Лигата на шампионите со Парижаните во мај. Потоа беше прогласен за најдобар голман на Стариот континент, сосема заслужено.

Сепак, љубовта пукна и тој не успеа да постигне договор со челниците на клубот од „Паркот на принцовите“ во врска со продолжувањето на соработката.

Потоа Луис Енрике го доведе Лукас Шевалие од Лил како прва опција на голот, а Сити го испрати Едерсон во Фенербахче за да направи место за Донарума.

Италијанецот потпиша петгодишен договор, со плата од 15.000.000 евра во првата сезона, со постепено зголемување во наредните години.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Анатомија на (уште) една злоупотреба на македонските тајни служби
Следна Статија Петрушевски: Дали Коцевски бил обвинител одговорен да го следи издавањето на ПИ-мерките со кои се прислушувани Мицкоски, новинари и бизнисмени

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СПОРТ

Повеќе од македонскиот буџет: НФЛ шампионот Сиетл продаден за 9,6 милијарди долари

Индискиот 71-годишен технолошки инвеститор Винод Хосла ќе го купи шампионот во американската НФЛ, Сиетл Сихокс, за 9,6 милијарди американски долари.…

July 13, 2026
СПОРТ

Елмас се враќа во Италија како позајмен играч на Торино

Новинарот Фабрицио Романо објави дека Елиф сепак нема да му стане соиграч на Столе Димитриевски во Валенсија, Македонецот ќе се…

January 28, 2025
СПОРТ

Херојот Вељко Пауновиќ: Пред 24 години испадна, сега како тренер го внесе Овиедо во Првата лига

Реал Овиедо се врати во шпанската фудбалска лига по пауза 24 години, откако го победи Мирандес во реваншот од финалето…

June 22, 2025
СПОРТ

Фудбал и бизнис: Барселона со мечот со Реал заработи 13 милиони евра

Барселона и Реал Мадрид одиграа уште еден спектакуларен натпревар, а Каталонците победија со 4:3 по пресврт. Терминот од 16:15 часот…

May 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?