Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
МАКЕДОНИЈА

Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија

Објавено November 13, 2025 19:43
Сподели
Сподели

Четирите јавни претпријатија во град Скопје ќе добијат нови вршители на должноста директор. Градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски вечерва ги соопшти нивните имиња.

Во јавното претпријатие „Улици и патишта“ за директор ќе биде назначен Борис Настов кој ја извршувал оваа функција на почетокот на мандатот на поранешната градоначалничка Данела Арсовска, а во „Водовод и канализација“ Иван Митровски, досегашниот заменик-градоначалник на Кисела Вода.

Како што соопшти Ѓорѓиевски, за директор во Јавното сообраќајно претпријатие ќе биде назначено лице кое долги години работи во ова претпријатие, а во „Комунална хигиена“ човек кој долги години работел во комуналниот сектор во Град Скопје.

– Во „Комунална хигиена“ ќе биде поставен директор кој исклучитено добро се покажа изминатиот период за време на акцијата 72 часа. Не е актуелниот в.д. директор. Се вика Драги, човек кој долги години работел во комуналниот сектор во Град Скопје, не бил екпсониран ниту партиски, ниту во јавност. Во ЈСП Скопје ќе биде назначен Саше кој работи долги години во ова претпријатие, има искуство и ги разбира процесите, соопшти Ѓорѓиевски за емисијата „Само интервју“ на телевизија Канал 5.

Ѓорѓиевски негираше дека некогаш кажал дека ќе ги приватизира јавните претпријатија. Вели дека ќе работи на зајакнување на капацитетите на јавните претпријатија и дека ќе работи на тоа да станат самоодржливи.

Сметките за граѓаните, како што кажа, нема да поскапат. – Така сум ветил во кампањата, рече Ѓорѓиевски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ФОТО) Турски „ер трактор“ се урна во Хрватска, пронајдено е телото на пилотот
Следна Статија Започнува изградбата на првата подземна сообраќајница во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Таравари на пациентите им вети лекови на Онкологија до крајот на наредната седмица

Претставници на Здружението Хема-онко вчера оствариле средба со министерот за здравство Арбен Таравари. Состанокот бил планиран пред актуелните случувања на…

January 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Трајко Славески именуван за нов гувернер на Народната банкa

Неколку минути пред полноќ, во Собранеито на РМ, Трајко Славески е именуван за гувернер на Народната банка на Македонија. За…

May 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Стартува кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“

Денеска официјално беше најавена кампањата „0% корупција – Ајде да е вистина!“, која има за цел да ја зголеми јавната…

June 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Среде денови на жалост, на некого вечерва му дошло до огномет

Во денови на жалост поради трагедијата во Кочани на некого му дошло до огномет. На социјалните мрежи се појави снимка…

March 19, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?