Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Започнува изградбата на првата подземна сообраќајница во Скопје
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Започнува изградбата на првата подземна сообраќајница во Скопје
МАКЕДОНИЈА

Започнува изградбата на првата подземна сообраќајница во Скопје

Објавено November 13, 2025 19:50
Сподели
Сподели

Скопје влегува во нова ера на урбан развој – главниот град ќе ја добие својата прва подземна сообраќајница, која ќе се гради на потегот од под „Лимак“ до влезот во Кисела Вода. Проектот, кој го најави градоначалникот Орце Ѓорѓиевски, има за цел да го растовари централното градско подрачје и да воведе современи сообраќајни решенија по европски стандарди.

„По завршувањето на правната постапка веднаш започнуваме со работа. Ова е капитална инвестиција што ќе донесе вистински пресврт во урбаното живеење и ќе го намали сообраќајниот метеж во центарот“, изјави Ѓорѓиевски.

Подземната сообраќајница ќе има шест ленти – четири за двосмерен автомобилски сообраќај и две резервирани за јавен превоз – како и пешачки патеки кои ќе овозможат побезбедно движење.

Дополнително, ќе се изградат нови кружни текови кај „Нова Македонија“, булевар „Кочо Рацин“ и улица „Железничка“, што ќе придонесат за подобар проток на возила и модерна регулација на сообраќајот.

„Со овој проект, Скопје ќе го добие своето прво подземно сообраќајно чудо. Центарот конечно ќе се ослободи од гужвите и ќе стане покомфорен, побезбеден и поуреден за сите граѓани“, нагласи градоначалникот, додавајќи дека подземната сообраќајница е симбол на „новото време“ и почеток на вистинската преродба на Скопје.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ѓорѓиевски ги обзнани имињата на директорите на јавните претпријатија
Следна Статија (ВИДЕО) Драма на премиера во Сингапур: Нападната Аријана Гранде

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ЛДП: Преку измени на Законот за основно образование до вработување на неопределено време за сите образовни асистенти

Либерално-демократската партија (ЛДП) во наредниот период ќе предложи измени на Законот за основно образование со цел вработување на образовните асистенти…

December 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Хемичарот Панче Наумов стана член на Европската академија на науките

Панче Наумов стана полноправен член на Европската академија на науките (European Academy of Sciences) и тоа во Одделението за хемија.…

January 16, 2026
МАКЕДОНИЈА

Ако се донесат измените: Судија ќе има плата над 5.000 евра

Kлучните измени кои Македонија треба да ги донесе како дел од реформската агенда се поврзани со правосудството. Тоа се неколку…

September 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Претседателката за Извештајот на ЕП: Се докажува демократскиот дефицит во ЕУ

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова одговарајќи на новинарско прашање за отстранувањето на македонскиот јазик и идентитет преку амандман излобиран од бугарски…

July 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?