Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Ќе има зголемено производство, но каква ќе биде цената!? Почна садењето на тутунот во Прилепско
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Ќе има зголемено производство, но каква ќе биде цената!? Почна садењето на тутунот во Прилепско
ЕКОНОМИЈА

Ќе има зголемено производство, но каква ќе биде цената!? Почна садењето на тутунот во Прилепско

Објавено May 18, 2025 14:39
Сподели
Сподели

Почна садењето на тутунот од годинашнава реколта и во Пелагонискиот регион веќе се засадени околу 25 проценти од површините. Според Сојузот на земјоделските здруженија, големи се очекувањата за годинашново тутунопроизводство кое е зголемено за околу 15 проценти.

Годинава се склучени 33 000 договори со откупувачите за производство од 27 000 тони тутун на околу 14 000 хектари. Тутунопроизводството останува исплатлива земјоделска гранка, вели Кире Ристески, претседател на Сојузот на земјоделски здруженија.

Младиот тутунопроизводител Гоце Кебакоски од прилепското Кадино Село, годинава за петпати го зголемил производството на тутун и смета дека е најисплатлива земјоделска култура.

Лани имав засадено 3 декари, а годинава се 15 декари со тутун. Сметам дека во моментов со цената и со субвенциите е најисплатлива земјоделска гранка. Од 15 декари очекувам производство од три тона и сметам дека релативно младите земјоделци главно се решаваат за тутунопроизводство, посочува Кебакоски.

Во светот, по Турција, Македонија е втор производител на ароматичен тутун. Има недостиг и тука е можноста да се постигне добра цена, велат од Сојузот на земјоделските здруженија.

Моментално во светот се испорачуваат 100 илјади тони ароматичен тутун, а потребите се околу 130 000 тони. Има недостиг и се бара тутунот произведен во земјава. Сметам дека производството е исплатливо и конкурентно, вели Ристески од Сојузот на земјоделски здруженија.

Најавени се измени во Законот за тутун во полза и на производителите и на откупувачите. Подготвена е предлог законската верзија со измените. Се очекува владината поддршка.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Нагло зголемување на случаи на Ковид-19 во Хонг Конг и Сингапур
Следна Статија Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата до крајот на годината

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Мицкоски: Работиме на 17 инвестиции и 5.000 работни места

Претседателот на ВМРО- ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денес во изјава за медиуми најави вкупно 17 инвестиции во вредност од околу 650…

March 8, 2026
ЕКОНОМИЈА

Изгласани законските измени, маркетите ќе мора да ги објавуваат цените на веб-страници

Собранието на денешната 35.седница ги донесе измените и дополнувањата на Законот за заштита на потрошувачите, со коишто пратениците од власта…

February 25, 2025
ЕКОНОМИЈА

Угостителите побарале пролонгирање на Законот против пушењето

Прво кампања па примена на Законот против пушењето, побарале угостителите на средбата со државниот секретар во Министерството за економија и…

February 3, 2026
ЕКОНОМИЈА

Ангеловска-Бежоска: Членството во СЕПА е признание за нашата посветеност на финансиската интеграција во ЕУ, стабилноста и на модернизацијата

„Успехот на секоја жена е инспирација за друга. Денес сме опкружени со бројни примери на успешни жени кои секојдневно докажуваат…

March 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?