Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АА на Таравари со свои листи за советници, остануваат во коалицијата „Вреди“ и Владата
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > АА на Таравари со свои листи за советници, остануваат во коалицијата „Вреди“ и Владата
ПОЛИТИКА

АА на Таравари со свои листи за советници, остануваат во коалицијата „Вреди“ и Владата

Објавено April 16, 2025 08:21
Сподели
Сподели

Централното претседателство на Алијанса на Албанците (АА) на Арбен Таравари по повеќе од три часа дебата одлучи на претстојните локални избори да понуди сопствени листи со кандидати за советници. Таравари образложи дека оваа одлука нема да придонесе за промени, односно дека остануваат како партија во рамки на коалицијата „Вреди“ и во состав на Владата.

Според Таравари, ваквиот заклучок е донесен затоа што во „Вреди“ не ја прифаќале нивната идеја пред да се донесат одлуки за кандидати за градоначалници и советници да се испита и мислењето на граѓаните и гласачите.

-Алијанса за Албанците во овој период се обиде да импонира алатка за изборот на кандидати за градоначалници на „Вреди“ да бидат со анкети и сондажи. Тоа беше одбиено, ние мислиме дека ако седнат 4-5 луѓе, претседатели на партии или работни групи и да избираат кој која општина ќе ја земе не е начин на наоѓање на најдобро решение за градоначалник. На крај сите губиме како „Вреди“, рече Таравари на прес-конференцијата по завршување на седницата.

Тој рече дека, од друга страна добиле ултиматум за кој требало да се произнесат до денес и затоа е донесена одлука АА во сите општини да има сопствена листа за советници во западниот дел од државата. Потсети дека овој нивни став е од јули минатата година, а веќе од почеток на мај како партија почнуваат со работа на терен и формирање свои штабови.

-Не излегуваме од коалицијата „Вреди“, излегуваме со наши листи. За кандидати за градоначалници сме отворени за разговори. Немаме одлука за тоа, побаравме од „Вреди“ заедно, алатка да биде сондажа. Не е прифатливо за нас четворица луѓе да седнат и да одлучуваат. Локални избори се малку поинакви. Се бара тој што има поддршка, без разлика од која партија е. Некаде можеби треба кандидатот да биде и непартиски. Ние сме сè уште дел од „Вреди“, ние излегуваме со наша листа за советници. Ако одлучат тие поинаку, ние нормално на тоа ќе донесеме наша одлука, рече Таравари.

На прашањето дали ќе ја напуштат владината коалиција, Таравари рече дека не планираат тоа да го направат, бидејќи таму има повеќе партии и една од тие партии е АА.

За можната соработка со Зијадин Села, Таравари рече дека сите се добредојдени.

– Оваа куќа е отворена и голема. Сите се добредојдени. Исен Шабани дојде пред десет дена, многу активисти се дојдени, многу што апстинирале три-четири години, се враќаат, рече Таравари.

За политичкиот дискурс и вербалните препукувања со коалициските партии, Таравари рече дека како АА не рекле ништо лошо досега, иако биле нападнати.

– Целата партија се обидуваме, не сме кажале ништо лошо за нив. Така размислуваме политички. Секогаш треба да се оставаат вратите за комуникација со сите,  меѓутоа од другата страна не беше така. Бевме нападнати и тоа грубо. Ние ќе продолжиме да бидеме конструктивни и да оставиме секогаш простор за соработка, истакна Таравари.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Дали Љупчо Коцевски свесно ја компромитирал акцијата на МВР за кочански „Пулс“?
Следна Статија Марта Кос: Македонија е шампион на Планот на раст за Западен Балкан

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Портпаролката на ЕК побара од партиите да покажат храброст за уставни измени

Продолжувањето на пристапниот процес за Македонија зависи од уставните измени за кои земјата се обврза дека ќе ги спроведе, изјави…

October 31, 2024
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Тоа што не успеаја Тодор Живков и други бугарски политичари со Македонија успеа во време на СДСМ

Премиерот Христијан Мицкоски на денешната седница за пратенички прашања во одговор на прашањето од Митко Трајчулески од СДСМ, за неисполнетите…

July 31, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Мотивите на владите на ДУИ и СДСМ беа попустливост кон Бугарија

Претседателот на Владата, Христијан Мицкоски во интервју за вестите на Алсат Телевизија говорејќи за членството во ЕУ и проблемот со…

June 12, 2025
ПОЛИТИКА

Шилегов, Таче, Зечевиќ, Богоев, Бисера,Славјанка…никој не му дојде на Филипче на седницата на Централниот одбор на СДСМ

Седницата на Централниот одбор на СДСМ, одржана синоќа и на која е одлучено да се одржи конгрес за избор на…

November 6, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?