Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Аболицијата на Иванов била незаконска, одлучи судот во Стразбур
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Аболицијата на Иванов била незаконска, одлучи судот во Стразбур
МАКЕДОНИЈА

Аболицијата на Иванов била незаконска, одлучи судот во Стразбур

Објавено June 23, 2026 17:27
Сподели
Сподели

Судот за човекови права во Стразбур се чини стави точка на сите дилеми во јавноста во Македонија во врска со помилувањата на поранешниот претседател Ѓорге Иванов.  Судот донесе одлука дека помилувањата од 12 април 2016 година со повеќе 107 решенија за 56 лица, со кои тогашниот претседател се обиде да ги спаси сопартијците, функционери на ВМРО-ДПМНЕ, а кои се најдоа под кривичен прогон на СЈО – биле незаконски.

 

Заклучокот од одлуката што Европскиот суд за човекови права ја објави денеска, е дека државата имала право да ги поништи помилувањата, бидејќи тие биле донесени без законска основа во политичка криза. Одлуката била донесена едногласно. Со комората претседавал судија од Норвешка.

 

Тие ја разгледуваа жалбата на Владимир Талески, Миле Јанакиески и Коста Митровски.

„Европскиот суд за човекови права едногласно пресуди дека: немало повреда на член 6 став 1 (право на фер судење) од Европската конвенција за човекови права поради законодавната интервенција со која се дозволи поништување на претседателските помилувања и продолжување на кривичната постапка против подносителите на барањето“, пишува во одлуката на судот во Стразбур. И се образложува:

„Судот, особено, утврди дека потребата да се повикаат јавните службеници на одговорност и да се спречи тие да бидат ставени над законот ја надминала потребата од заштита на правната сигурност. Судот ја зеде предвид исклучителната природа на ситуацијата создадена со одлуката на тогашниот претседател да додели помилувања на јавни функционери, вклучително и високи личности од неговата политичка партија, без валидна правна основа и со кршење на владеењето на правото. Тежината на ситуацијата и на последователната политичка криза го оправдуваа усвојувањето на исклучителни мерки во форма на законодавство насочено кон мала група лица кои инаку би имале корист од незаконски помилувања, со цел враќање на владеењето на правото. Судот утврди дека законодавната интервенција била оправдана врз основа на убедливи основа од општ интерес и соодветно на тоа не може да се смета дека ги прекршила принципите на правна сигурност или владеење на правото“.

Според Судот, јавниот интерес – односно одговорноста на функционерите и владеењето на правото – бил поважен од принципот на правна сигурност. Но, Судот одлучил дека било прекршено правото на фер судење за поранешниот министер за транспорт Миле Јанакиески и Коста Митровски, поранешен претседател на изборната комисија на Центар и на државата ѝ наложи да им исплати по 3.600 евра на двајцата. За Талески немало прекршување на постапката за фер судење.

„Иако подносителите на барањето подоцна поднеле барања за вонредно преиспитување до Врховниот суд, тој преглед бил ограничен по обем и не ги опфаќал сите прашања покренати во поднесоците на обвинителот пред Апелацискиот суд, со што одредени прашања биле конечно решени во жалбената постапка и не можеле повторно да се разгледаат од страна на Врховниот суд. Единствениот можен начин за отстранување на недостатоците во жалбената постапка во таква ситуација би бил Врховниот суд да ја поништи жалбената пресуда и да го врати предметот на Апелацискиот суд. Со тоа што не го стори тоа, Врховниот суд не успеа да го исправи прекршувањето на правото на апликантите на контрадикторна постапка. Затоа, имало прекршување на член 6 став 1 во однос на правото на г-дин Јанакиески и г-дин Митровски на фер судење“, стои во одлуката.

Ваква одлука накратко денеска донел Европскиот суд за човекови права во Стразбур во случајот „Талески и други против Северна Македонија“, односно постапка што ја покренал поранешниот градоначалник на Битола кој беше осуден и одлежа затворска казна за случајот „Транспортер“ кој го отвори поранешното Специјално јавно обвинителство.

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Тренчевска: За две години ВМРО има нула резултати во економијата и животниот стандард
Следна Статија (ВИДЕО) Црн биланс од топлотниот бран: Четириесет лица се удавија во Франција за пет дена

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради спортски настан, информираат од Министерството за внатрешни работи и апелираат…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

АХВ да не ја префрла одговорноста, итно да го спроведе извршното решение за кравите, бара градоначалникот на Крива Паланка

Проблемот со кравите кои слободно шетаат во Крива Паланка треба да се реши веднаш и тоа од страна на Агенцијата…

February 28, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: ЈО да постапува по доказите на Арсовска, има вистина дека зад неа стои ДУИ

Премиерот Христијан Мицкоски смета дека Обвинителството треба да се остави да постапува по доказите поднесени вчера од скопската градоначалничка Данела…

June 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерството за здравство ја презема контролата врз лиценцирањето на стоматолозите поради сериозни пропусти и сомнежи за злоупотреби

Министерството за здравство од денеска ги презема надлежностите за лиценцирање на Стоматолошката комора, соопшти министерот за здравство Азир Алиу. Тој…

August 9, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?