Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Суспендирани се инспекторите од УЈП кои му кажувале на газдата на „Пулс“ кога ќе има контрола
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Суспендирани се инспекторите од УЈП кои му кажувале на газдата на „Пулс“ кога ќе има контрола
МАКЕДОНИЈА

Суспендирани се инспекторите од УЈП кои му кажувале на газдата на „Пулс“ кога ќе има контрола

Објавено October 1, 2025 09:09
Сподели
Сподели

Инспекторите од УЈП кои комуницирале со синот на газдата во кочанската дискотека „Пулс“ се суспендирани се додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба, објави „Слободен печат“.

Ова доаѓа по документарецот на ИРЛ, каде се наведува дека еден од инспекторите е брат на претседателката на Кривичниот суд Даниела Димовска.

„Во објавата беа презентирани комуникации меѓу вработени лица и даночен обврзник, кои укажуваат на можност за оддавање на даночна тајна, како и неовластено информирање за претстојни контроли и координирани активности со други надлежни институции. Ваквото однесување претставува сериозно прекршување на Кодексот на однесување на вработените во УЈП. Управата за јавни приходи веднаш пристапи кон спроведување на внатрешна проверка на наводите изнесени во објавата и донесе Решение за суспензија на вработените лица кои се опфатени во случајот, сè додека трае постапката за утврдување на фактичката состојба. Оваа мерка е преземена со цел заштита на институционалниот интегритет, угледот на Управата и довербата на граѓаните. Управата за јавни приходи останува цврсто посветена на принципите на законитост, транспарентност и професионализам, и ќе продолжи да спроведува нулта толеранција кон секое однесување што ги нарушува овие вредности. Граѓаните можат да бидат уверени дека УЈП ќе продолжи да делува исклучиво во јавен интерес, со највисоко ниво на етика, одговорност и отчетност“, одговориле од УЈП.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (Видео) Лукровски: Ветувам нови монтажни гаражи во Карпош 4 со над 120 нови паркинг-места
Следна Статија Блокирана Владата на САД

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Николоски: На автопатот Кичево-Охрид градиме архитектонско чудо

Вицепремиерот автопатот Охрид Кичево со силна посветеност ќе се заврши при крајот на 2026 година согласно предвидените рокови,најави вицепремиерот Александар…

May 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Загинаа врвни доктори од Прилеп, камионот наводно возел во спротивен правец

Двајца врвни лекари од приватната болница „Плодност“ Битола, загинаа утрово во сообраќајката кај индустриската зона во Прилеп на пат за…

October 3, 2024
МАКЕДОНИЈА

МАКЕДОНСКИОТ БОДИБИЛДЕР ТОШЕ ЗАФИРОВ СИ ЈА ОТВОРИ ДУШАТА: „Јас на мои 47 години размислувам да се иселам, со два-три бизниси, замислете што размислува млад човек“

Македонскиот бодибилдер Тоше Зафиров преку видео-обраќање на својата Фејсбук страница испрати остро предупредување за состојбата во државата, укажувајќи на серијата…

July 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски најави големи промени во ВМРО-ДПМНЕ и во Владата до крајот на годината

Премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во обраќање на годишната конференција на Унијата на жени на ВМРО-ДПМНЕ во Скопје…

May 18, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?