Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Муцунски: Времето ќе покаже кој ја кажувал вистината, парите од ЕУ се доказ на напредок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Муцунски: Времето ќе покаже кој ја кажувал вистината, парите од ЕУ се доказ на напредок
МАКЕДОНИЈА

Муцунски: Времето ќе покаже кој ја кажувал вистината, парите од ЕУ се доказ на напредок

Објавено April 29, 2026 13:07
Сподели
Сподели

Спроведувањето на реформите на една Влада не е прашање на субјективна перцепција, туку на мерливи резултати, оценува македонскиот министер за надворешна политика и надворешна трговија Тимчо Муцунски, по критиките во јавноста откако беше објавено интервјуто на известувачот за Македонија во Европскиот парламент, Томас Вајц за бугарската редакција на „Еуроњуз“, во кое тој вели дека последната година Македонија нема никаков напредок.

„Најдобар судија е времето, а времето ќе покаже кој ќе биде во право“, изјави Муцунски во интервју на ТВ Сител.

Според Муцунски, ако државата не спровела никакви реформи, тогаш нема да добиела средства од фондот од Планот за раст. Тој вели дека во периодот до последниот извештаен период поврзан со реформската агенда, Македонија има добиено 75 милиони евра.

„Ако не сме спроведувале реформи, немало да сме ги добиеле тие средства. Има три држави во регонот – Србија, БиХ и Косово, коишто ништо немаат добиено од планот за раст, бидејќи не спроведувале реформи. Очекувам за последниот извештаен период, кој ќе се објави деновиве или во период од една недела, да имаме многу висока оценка во спроведени реформи и да добиеме во една транша околу 70 милиони евра – тоа е наше очекување, ќе видиме колку ќе се материјализира. И да бидеме земја од западниот Балкан којашто највеќе добила во тој момент преку една транша, бидејќи посветено работиме на реформите“, рече Муцунски.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Куцуловски e пуштен од станица, доби казна од 550 евра за истакнување на палестинското знаме
Следна Статија Штекли сега ќе биде на безбедно: Осуден е на осум години затвор

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ДЗР: Државниот буџет бил доминантен извор за финансирање на изборните кампањи за Парламентарните избори 2024 година

Вкупните приходи за изборната кампања на сите седумнаесет ученици на Параламентарните избори во 2024 се во износ од 386.710 илјади…

July 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Николоски: Нема да одиме против препораките на УНЕСКО, сите прашања ќе ги отвориме на средба во март

Владата ќе разговара директно со УНЕСКО за да се утврди кое решение ќе биде најсоодветно за зачувување на заштитениот статус…

February 19, 2025
МАКЕДОНИЈА

Синдикалците утре на протест: Мора да има за работниците!

Слободан Трендафилов, претседател на Сојузот за синдикати на Македонија, кажа дека утре ќе одржат марш со кој ќе бараат подобрен…

April 1, 2025
МАКЕДОНИЈА

ИФФК „Браќа Манаки“ ја врачи наградата Златна камера 300 за животно дело на Дариус Конџи

Во Битола синоќа на свеченост во чест на лауреатот на 46. издание на ИФФК „Браќа Манаки“, Дариус Конџи, министерот за…

September 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?