Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Куцуловски e пуштен од станица, доби казна од 550 евра за истакнување на палестинското знаме
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ПОЛИТИКА > Куцуловски e пуштен од станица, доби казна од 550 евра за истакнување на палестинското знаме
ПОЛИТИКА

Куцуловски e пуштен од станица, доби казна од 550 евра за истакнување на палестинското знаме

Објавено April 29, 2026 12:59
Сподели
Сподели

Oпозициската Левица синоќа во објава на Фејсбук соопшти дека претседателот на Црвената младина, Андреј Куцуловски, кој вчера попладне беше уапсен, е пуштен од полициска станица со изречена казна од 550 евра за поттикнување насилство и омраза поради истакнување на палестинското знаме за време на вчерашниот ракометен натпревар на кадетите меѓу Македонија и Израел, кој се одржа во салата „Јане Сандански“ во Скопје.

„За овој ‘прекршок’ беше мобилизирана толпа полициски службеници кои приведоа млад човек кој впрочем не пружи никаков отпор, ниту пак направи било каков инцидент. Со лисици, како да се работи за опасен криминалец, беше спроведен во станица, без притоа да му се соопшти основот за лишување од слобода. Секоја чест за полицијата на ДПМНЕ и нивната сервилна, селективна и политички мотивирана примена на сила“,велат од Левица.

Партијата обвини дека, од друга страна, полицијата со леснотија дозволува да исчезнуваат и бегаат лица осомничени за тешки кривични дела, не постапува со слична ревност при брутални насилства, а семејното насилство го релативизира и го остава без соодветен одговор.

„Државата казнува солидарност, а премолчува насилство! Ако нешто јасно се виде од овој случај, тоа е бруталноста со која системот се однесува кон оние што не се покоруваат“,додаваат од опозициската партија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО)Томас Вајц: Интервјуто за бугарската телевизија е старо, Македонија забележува напредок
Следна Статија Муцунски: Времето ќе покаже кој ја кажувал вистината, парите од ЕУ се доказ на напредок

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ПОЛИТИКА

Oфицијално: Изет Меџити ќе трча за Чаир

Попладнево од Влен соопштија повеќе имиња за нивните кандидати за градоначалници. Актуелниот министер за животна средина и просторно планирање Изет…

August 1, 2025
ПОЛИТИКА

Движењето ЗНАМ отвори AI-платформа за директен дијалог со граѓаните, „ZnamGPT: Прашај го градоначалникот“

Движењето ЗНАМ за Наша Македонија денеска ја промовираше, како што велат, првата интерактивна платформа со вештачка интелигенција во македонската политика…

October 9, 2025
ПОЛИТИКА

Мицкоски: Во целост и навреме го реализираме проектот бесплатни учебници

Во целост и навреме го реализиравме проектот за бесплатни учебници!, пишува на социјалната мрежа на Фејсбук претседателот на Владата на…

October 10, 2024
ПОЛИТИКА

Собранието изгласа Декларација за фер, слободни и демократски избори

Собранието попладнево со 73 гласа „за“ и ниту еден „против“ изгласа Декларација за одржување фер, слободни и демократски избори за…

September 12, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?