Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: (ВИДЕО)Томас Вајц: Интервјуто за бугарската телевизија е старо, Македонија забележува напредок
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > (ВИДЕО)Томас Вајц: Интервјуто за бугарската телевизија е старо, Македонија забележува напредок
МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО)Томас Вајц: Интервјуто за бугарската телевизија е старо, Македонија забележува напредок

Објавено April 29, 2026 12:55
Сподели
Сподели

Известувачот за Македонија во Европскиот парламент Томас Вајц во изјава за Телевизија Канал 5 вели дека интервјуто дадено за бугарска телевизија е снимено пред повеќе од седум недели и дека не е јасно зошто е објавено дури сега.

Според него, изјавите во кои се зборува за оценка дека земјата нема напредок во реформите се дадени на почетокот на март и дека тогаш ја одразувале моменталната состојба.

– Интервјуто е од пред повеќе од седум недели и ја покажува проценката за моментумот на почетокот на март – вели тој.

Вајц додава и дека е изненаден што интервјуто е објавено токму пред неколку дена.

– Мислам дека не е многу професионално, ни беше кажано поинаку. Бев малку изненаден што е објавено пред неколку дена. Но, да за жал изгледа дека има некаква агенда зад тоа – вели Вајц во интевју за Канал 5.

Според него, Македонија бележи напредок во реформскиот процес и има дополнително време да ги исполни потребните обврски во рамки на реформската агенда до јуни.

Во интервјуто за Канал 5, кое беше објавено деновиве, Вајц зборува за извештајот за напредокот на Македонија во европскиот парламент, но и за амандманот кој тој самиот го поднесе за да се направи јасна дистинкција дали протоколот потпишан со Бугарија е дел од преговарачката рамка на земјава.

Претходно, кабинетот на Марта Кос го демантираше Жерновски за „тројанските коњи“.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ужас во Гостивар: Малолетничка сексуално вознемирувана од братот
Следна Статија Куцуловски e пуштен од станица, доби казна од 550 евра за истакнување на палестинското знаме

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Целосно се реконструира граничниот премин Деве Баир, дел од Коридорот 8

Да честитам на Министерството за транспорт, на Царинската управа, се разбира кредитот којшто е добиен од страна на Светска банка,…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Пиротехниката во затворен простор ќе се најде пред пратениците, се менува Законот

Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ по скратена постапка го менува Законот за јавен ред и мир, со што се става ред…

March 29, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментов

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изјави дека постапката за разрешување на јавниот обвинител ќе се запре во моментот до таму каде…

March 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Министерот за одбрана Мисајловски празнично ги награди хероите на Армијата по повод Илинден

Министерот за одбрана Владо Мисајловски по повод најголемиот македонски празник, положи цвеќе пред Меморијалниот центар АСНОМ во Пелинце, место кое…

August 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?