Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: 14 години без Киро Глигоров: првиот претседател на независна Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > 14 години без Киро Глигоров: првиот претседател на независна Македонија
МАКЕДОНИЈА

14 години без Киро Глигоров: првиот претседател на независна Македонија

Објавено January 1, 2026 17:01
Сподели
Сподели

Денеска се навршуваат 14 години од смртта на првиот претседател на независна Република Македонија, Киро Глигоров.

Делегација на Собранието, во состав Емилија Ангелова и Славјанка Петровска, денеска ќе положи цвеќе на вечното почивалиште на Глигоров на Градските гробишта Бутел во Скопје.

Киро Глигоров почина на 1 јануари 2012 година во Скопје во својот дом на 94-годишна возраст.

Роден е на 3 мај 1917 година во Штип и има активна улога во процесот на осамостојување на државата и нејзиното меѓународно признавање.

Во 1991 година ја предводеше Македонија која по мирен пат се осамостои од дотогашната Социјалистичка Федеративна Република Југославија во која Глигоров извршуваше високи државни функции.

По референдумот одржан на 8 септември 1991 година на кој граѓаните се изјаснија за независна и суверена држава, Глигоров на 25 јануари 1991 година е избран за прв претседател на самостојна и суверена Република Македонија од страна на Собранието.

На 7 март му го довери мандатот на Никола Кљусев за формирање на првата влада.

На 8 април 1993 година Глигоров првпат се обрати на македонски јазик на говорницата на Обединетите нации кога Република Македонија стана 181. членка на ОН.

На претседателските избори 16 октомври 1994 година со мнозинство гласови повторно е избран за претседател на Републиката.

На 3 октомври 1995 година преживеа атентат со автомобил-бомба поставен на улицата „Македонија“ во непосредна близина на хотелот „Бристол“. По неколкумесечното лекување, на 10 јануари 1996 година Глигоров се врати на својата претседателска должност.

На 17 ноември 1999 година го завршува неговиот втор претседателски мандат на 82 годишна возраст.

По пензионирањето беше активен како публицист. Глигоров е автор на неколку дела, главно пишувани по завршувањето на неговиот мандат како претседател – „Македонија е сè што имаме“ (2001), „Атентат – ден потоа“ (2002), „Виорни времиња: Република Македонија реалност на Балканот“ (2004) и „Сите југословенски (стопански) реформи“ (2006). Тој е основач и на фондацијата „Киро Глигоров“. Во 2005 година стана прв носител на „Орденот на Република Македонија“.

Добитник е на бројни домашни и меѓународни награди и признанија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Мицкоски за „Безбеден град“: Резултатите се гледаат веќе во декември, нула жртви во сообраќајки во однос на лани
Следна Статија Сопругата на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Рози Мицкоска во посета на првороденчињата во Скопје

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Јовева: Идентитетот не може да се земе ни со лобирање, ни со гласање

Вчерашното усвојување на извештајот не значи дека Европскиот парламент не го признава македонскиот јазик или македонскиот идентитет и тоа не…

July 10, 2025
МАКЕДОНИЈА

Најавеното опаѓање на температурите може да ги загрози земјоделските култури, посебно овошките

Најавеното значително опаѓање на температурите од недела може повторно да ги загрози земјоделските култури, посебно овошните дрвја поради можноста од…

April 4, 2025
МАКЕДОНИЈА

Реконструкција на ГОБ „8 Септември“ и охридскиот аеродром вредна 14,7 милиони евра – Роботска хирургија како новина

Почеток на два големи проекти вредни 14,7 милиони евра, најавија денеска од Владата. Се работи за реконструкција и адаптација со…

February 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Царинската управа запленила 36 килограми марихуана и голема количина лекови

Директорот на Царинската управа, Бобан Николовски, на денешниот настан за реконструкција на граничниот премин Деве Баир, објави дека пред два…

October 5, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?