Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Мицкоски за „Безбеден град“: Резултатите се гледаат веќе во декември, нула жртви во сообраќајки во однос на лани
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Мицкоски за „Безбеден град“: Резултатите се гледаат веќе во декември, нула жртви во сообраќајки во однос на лани
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски за „Безбеден град“: Резултатите се гледаат веќе во декември, нула жртви во сообраќајки во однос на лани

Објавено January 1, 2026 16:51
Сподели
Сподели

Премиерот Христијан Мицкоски е задоволен и досегашната имплементација на проектот „Безбеден град“ за што вели потврда се и бројките за нула загубени човечки животи во сообраќајни незгоди во декември годинава во однос на истиот период лани.

– Морам да кажам дека ако се спореди декември 2025 со декември 2024 година ќе дојдеме до еден параметар кој нас не прави задоволни и среќни бидејќи во Скопје во декември 2024 година поради сообраќајни незгоди животот го загубиле пет лица, а оваа година ниту едно. Значи, примената на апликацијата го дава резултатот. Вкупниот број на лица кои го загубиле животот во сообраќајни незгоди во 2024 година е 142 лица, а во 2025 година е 131 лице со драматично намалување на бројката во декември. Тоа значи дека и во градовите каде нема инсталирано вакви уреди, внимателно возат, но и на автопатите каде има инсталирано ваков тип на уреди, изјави денеска Мицкоски.

Вели дека од 1 февруари за кога се најавува официјалната примена на системот со казнување, не очекува се да функционира беспрекорно, но дека системот ќе се надоградува постојано.

– Ценам дека како Влада опстојавме и покрај, јас би рекол, оној мал дел од општеството којшто го нареков талог на општеството којшто го исмејуваше сето тоа – правеше шеги на моја сметка, на сметка на Владата, имаше разноразни рилсови, но овие нула загубени човечки животи во Скопје, не прават задоволни. Сето она што беше антикампања или кампања почна со сарказам од овој мал дел од наши сограѓани, бројките ги демантираат, рече Мицкоски, одговарајќи на новинарски прашања по посетата на Кавадарци на првиот ден од Новата Година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Армијата е институција што ужива најголем углед во државата, вели Сиљановска Давкова
Следна Статија 14 години без Киро Глигоров: првиот претседател на независна Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

(ВИДЕО) Мицкоски: Се подготвуваме за многу нови проекти, нови инвестиции и нови мерки кои ќе донесат позитивни промени

Првите 100 дена од изборот на нашата Влада беа време на сериозни предизвици и нови можности. Се соочивме со наследени…

October 4, 2024
МАКЕДОНИЈА

Посебен режим на сообраќај во Скопје

Посебен режим на сообраќај ќе има денеска во Скопје поради спортски настан, информираат од Министерството за внатрешни работи и апелираат…

May 18, 2025
МАКЕДОНИЈА

Се отстрануваат опасни карпи на експресниот пат Фариш-Дреново

За време на градежните работи на втората фаза Фариш – Дреново од изградбата на експресниот пат Градско-Дреново, беа забележани пукнатини…

June 11, 2025
МАКЕДОНИЈА

Митева: Нов канал за директна комуникација со повредените во трагедијата во Кочани – 070 355 526

Во овие моменти, кога Кочани и цела Македонија сè уште ја чувствуваат болката од трагедијата што ја потресе нашата држава,…

June 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?