Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: „Авалон“ го носи Дејвид Гета во Скопје за 35 години независност на Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЗАБАВА > „Авалон“ го носи Дејвид Гета во Скопје за 35 години независност на Македонија
ЗАБАВА

„Авалон“ го носи Дејвид Гета во Скопје за 35 години независност на Македонија

Објавено May 12, 2026 16:42
Сподели
Сподели

Славниот француски диџеј, продуцент и хитмејкер Дејвид Гета по 10 години се враќа со настап во Македонија, за прославата на 35 години независност, објави со досега невидена гордост и задоволство, Бобан Милошески од „Авалон“, кој ќе го реализира концертот во соработка со Владата. Настаните од прославата ќе се одржуваат од 8 август до 8 септември, кога на стадионот „Тоше Проески“ во Скопје ќе настапи Дејвид Гета. Како главна ѕвезда на прославата, и по негово барање, на денешниот прес во Скопје, само тој беше најавен од изведувачите, а во наредниот период ќе бидат најавени уште два светски настани за прославата , и други 120 учесници од Македонија кои ќе ја збогатат програмата за државниот јубилеј, не само во Скопје, туку и низ државата. Не беше објавен хонорарот за неговиот настап, на новинарско прашање, ама ќе биде помал од настапите ширум светот.

„Нашата цел е ова одбележување да има и државничка тежина, современ културен и продукциски пристап, но и меѓународна препознатливост, истакна денес, портпаролката на Владата, Марија Митева.

„Мојата основна идеја беше дека ако славиме, треба да славиме. Ако е бал, треба да биде маскенбал. Без сериозна конкуренција, најголемото шоу на европски артист оваа година се вика ‘David Guetta Full Monolith Stadium Show’. Од музички, а особено од продукциски аспект, ова е нешто досега невидено во европски рамки, а можам да кажам и во светски рамки. И ние се потрудивме истото тоа шоу да го видиме и во Скопје на 8 септември“, рече Милошески.

Спeктaклот наречен David Guetta – The Monolith Stadium Show во Арената Тодор Проески ќе биде бесплатен јавен настан со регистрација за симболична цена од 35 МКД по човек, број кој директно асоцира на годинешниот државен јубилеј, со цел запазување на капацитетот на стадионот;

„Секој корисник ќе биде ограничен на максимум 2 влезници, а дозволена ќе биде и регистрација од останатите држави, земајќи предвид дека настан од овој калибар привлекува огромно внимание од целиот регион и привлекува публика, гости и посетители од околните земји и истиот има сериозен импакт врз туризмот, угостителството и целокупната промоција на градот и државата како дестинација за големи светски музички и културни случувања“, беше потенцирано денес.

Дополнителни информации околу процедурата за регистрација официјално ќе бидат објавени утре од страна на Avalon International Booking, организаторот на настанот.

Според официјалниот сајт на David Guetta, The Monolith Tour ќе собере извонредна публика во некои од најголемите градови на континентот, вклучувајќи историски три вечери во Париз со над 80.000 посетители по вечер, масивен спектакл во Милано со 100.000 луѓе и уште една голема вечер во Амстердам, на Стадионот на Ајакс, со повеќе од 70.000 посетители, потврдувајќи го David Guetta како едно од најголемите светски стадионски мејнстрим музички имиња денес.

Гета последен пат настапи во Скопје во 2016 година, во рамки на Skopje Calling, на тогашниот стадион „Филип Втори“, денешна Национална арена „Тоше Проески“. Настанот се одржа на 5 јуни 2016 година.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра
Следна Статија Николоски: Само на Коридорот 8 ќе инвестираме 5,5 – 6 милијарди евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Известувачот Вајц: Македонија моментно се наоѓа во тешка позиција бидејќи процесот на пристапување е сопрен

Од суштинско значење за евроинтеграцијата на државата, особено во контекст на новата геополитичка реалност, е сите политички актери, особено Владата,…

February 19, 2026
ЗАБАВА

Луѓето од овие професии имаат најмногу секс

Дали знаевте дека работата што ја работите влијае на зачестеноста на сексот Британско истражување на компанијата „Лело“ – производител на…

December 11, 2024
ЗАБАВА

Во ноември овие хороскопски знаци ги чека луда среќа

За нив започнува период на неверојатна среќа и успех, месец ноември ќе биде нивниот месец од соништата. Според астролозите, ноември…

November 4, 2025
СПОРТ

Македонските кошаркари повторно загуби од Романија

Нов трет пораз на македонската кошаркарска репрезентација во претквалификациите за Светскиот куп 2027 во Катар. Романија забележа победа од 79:66…

August 14, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?