Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра
ЕКОНОМИЈА

За стан од 45 квадрати во Кисела Вода платени 130.000 евра

Објавено May 12, 2026 13:05
Сподели
Сподели

Највисоката цена за станбен квадрат во првиот квартал од годинава е постигната во општина Кисела Вода, каде стан од 45 метри квадратни е продаден за 177.667 денари по метар квадратен, односно околу 2.888 евра. Ова го покажуваат најновите податоци од Извештајот на Регистарот на цени и закупнини на Агенцијата за катастар на недвижности за периодот јануари-март 2026 година.

И покрај високите поединечни цени, извештајот нотира значително намалување на активноста на пазарот. Бројот на продадени станови е намален за 27 проценти во споредба со претходниот квартал, а вкупната финансиска вредност на пазарот на недвижности изнесува 276,3 милиони евра, што е пад од 12,4%.

„Регистрирани се вкупно 7.757 трансакции (збир од купопродажби и закупи) и споредбено со четвртиот квартал од 2025 година, бележи пад од -16,4 проценти што укажува на намалена пазарна активност“, стои во извештајот.

Најголем број продадени станови се евидентирани во општина Аеродром (193), додека во Битола се продадени најмногу куќи (54). Во Центар се реализирани најмногу деловни простори, додека во Кочани доминира трговијата со земјоделско земјиште.

Интересно е што кај откупот на недвижности од државата е забележан раст од дури 175 проценти, додека кај новоградбите има остар пад од 32,3%. Во моментов, во Катастарот се запишани над 28.000 листови за предбележување, што значи дека голем број објекти се во фаза на градба и наскоро ќе излезат на пазарот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кокаинот го криеле во земја во Босилово, полицијата ја вадела дрогата со машини
Следна Статија „Авалон“ го носи Дејвид Гета во Скопје за 35 години независност на Македонија

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

УЈП: Истече рокот за поднесување и плаќање на ДДВ обврските за третиот квартал

Управата за јавни приходи ја информира дека заклучно со 27 октомври 2025 година, кога истече законскиот рок за поднесување на…

October 28, 2025
ЕКОНОМИЈА

Азески избран за в.д претседател на Коморскиот инвестициски форум

Претседателот на Стопанската комора на  Македонија, Бранко Азески, е избран за вршител на должност претседател на Коморскиот инвестициски форум (КИФ),…

June 13, 2026
ЕКОНОМИЈА

Цената на златото расте со години, што нè чека во иднина?

Повторно, се соборуваат историски рекорди кога станува збор за цената на златото. Една унца злато моментално чини повеќе од 3.200…

October 20, 2025
ЕКОНОМИЈА

Дурмиши: Не треба да се укине „недела неработен ден“, но треба да има отстапки за одредени дејности

Во неделното интервју за Радио Слободна Европа, министерот за економија и труд Бесар Дурмиши говори за анализите кои се прават…

December 22, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?