Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Авион се урна во Германија, од запалените остатоци извлечено живо дете
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Авион се урна во Германија, од запалените остатоци извлечено живо дете
СВЕТ

Авион се урна во Германија, од запалените остатоци извлечено живо дете

Објавено March 22, 2025 10:18
Сподели
Сподели

Шестгодишно девојче е извлечено од запалените остатоци на авионот што се урна вчера во Германија. Нејзиниот татко не можел да се спаси. Според пишувањата на медиумите, маж од Келн, кој управувал со мал авион кој од засега непознати причини се урна во близина на Санкт Агустин, починал на лице место, а девојчето со тешки повреди е пренесено во болница, но е во стабилна состојба.

Авионот се урнал во поле набргу по полетувањето во петокот нешто по пладне. По падот, леталото се запалило. Лицето кое прво истрчало да им помогне на настраданите исто така е повредено.

Очевидци наведуваат дека кога истрчале на теренот, леталото било целосно во пламен. Според извештаите, авионот полетал од аеродромот Хангелар во близина на Бон непосредно пред несреќата.

На местото на несреќата брзо пристигнале бројни противпожарни бригади, три спасувачки хеликоптери и неколку екипи на брзата помош.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Фатени на дело: Тројца дилери уапсени во Дојран при обид да продадат 3 кг дрога на Грк
Следна Статија Герасимовски: Испекциски контроли за безбедност во објектите во Центар

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

Сведочење пред американскиот Конгрес за злоупотребите на УСАИД за време на шарената револуција во Македонија

Во комисијата за правосудство на американскиот Конгрес вчера се одржа сведочење на кое истакнати експерти на фондацијата Херитиџ дискутираа како…

July 16, 2025
СВЕТ

Треба да плати пет милиони долари: Трамп ја загуби жалбата против новинарката која го обвини дека ја силувал

Апелациониот суд на САД денеска ја потврди отштетата од 5 милиони долари доделена на новинарката Е. Џин Керол од страна…

December 30, 2024
СВЕТ

Детали за американскиот напад на Иран: Користеле и подморници, контактирале со Иранците со порака

Американски воени авиони и подморници нападнаа три клучни нуклеарни постројки во Иран во раните утрински часови во неделата, што ја…

June 22, 2025
СВЕТ

Околу 75.000 американски федерални вработени ја прифатиле понудата за отпремнина

Околу 75.000 американски федерални вработени го прифатија пакетот за отпремнина предложен од администрацијата на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави портпаролот…

February 13, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?