Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Трамп: Изјавата на Макрон за признавање на Палестина е ирелевантна, нема тежина
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Трамп: Изјавата на Макрон за признавање на Палестина е ирелевантна, нема тежина
СВЕТ

Трамп: Изјавата на Макрон за признавање на Палестина е ирелевантна, нема тежина

Објавено July 25, 2025 19:37
Сподели
Сподели

Американскиот претседател Доналд Трамп ја отфрли како ирелевантна одлуката на францускиот претседател Емануел Макрон дека неговата земја ќе ја признае државата Палестина во септември.

-Она што го кажува е ирелевантно. Тој е добар човек, ми се допаѓа, но неговата изјава нема тежина, рече Трамп.

Францускиот претседател Емануел Макрон вчера објави дека неговата земја ќе ја признае државата Палестина на Генералното собрание на Обединетите нации во Њујорк во септември.

Неговата одлука да ја признае државата Палестина предизвика мешани реакции во Франција и низ целиот свет.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху остро ја осуди одлуката на Макрон, нагласувајќи дека таа „поттикнува терор“.

-Најостро ја осудуваме одлуката на претседателот Макрон да признае палестинска држава веднаш до Тел Авив, по масакрот на 7 октомври. Таквата одлука го наградува теророт и ризикува создавање уште еден ирански посредник, исто како што беше случајот со Газа, рече Нетанјаху.

Претседателот на Палестинската самоуправа, Махмуд Абас, ја поздрави денешната одлука како „победа за палестинската кауза“.

-Ова ја одразува посветеноста на Франција на поддршката на палестинскиот народ и нивните легитимни права на својата земја и татковина, рече Абас

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019
Следна Статија За 5 години Македонците купиле станови во Грција за над 50 милиони евра

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(Видео) Украина со дронови го нападна Грозни, Кадиров најави жестока одмазда

Чеченскиот лидер Рамзан Кадиров објави дека руските сили извршиле ракетен напад врз украинскиот град Харков како одговор на утринскиот напад…

December 15, 2024
СВЕТ

Од утре нови правила за Европејците за влез во Обединетото Кралство

На европските граѓани кои патуваат во Обединетото Кралство од утре ќе им треба дигитална пропусница за да влезат во земјата,…

April 1, 2025
СВЕТ

РеактОС постигнува огромно подобрување на мрежните перформанси

Долгоочекуваниот 'отворен-извор Windows' проект прави значителни чекори напред

January 20, 2026
СВЕТ

Сијарто: Унгарија нема да дозволи Украина да стане членка на ЕУ, Украинците ќе донесат војна

Шефот на унгарската дипломатија, Петер Сијарто, го повтори ставот на владата во Будимпешта дека нема да дозволи Украина да стане…

January 28, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?