Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ХРОНИКА > Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019
ХРОНИКА

Две затворски казни од пет години и парична од 300.000 денари за фирма за предизвикан пожар над велешко езеро „Младост“ во август 2019

Објавено July 25, 2025 19:35
Сподели
Сподели

 Фирмата „Реал градба“, нејзиниот сопственик, 61-годишниот  Тасе Илиевски,  и 58-годишниот вработен   Марјан Ангелов, се виновни  за кривично дело „тешки дела против општата сигурност“ за предизвикување на пожарот над езерото „Младост“ кај Велес во август 2019, пресуди попладнево  Основен суд Велес.  

Судот со кој претседаваше судијата Бојанчо Донев  во пресудата  одлучи дека обвинетите кривичното дело го сториле со умисла и им изрече казна затвор во траење од по пет години на Илиевски и Ангелов, засметувајќи го времетраењето на притворот.

На фирмата „Реал градба“ изречена и е парична казна во висина од 300 илјади денари.

Имено, осудените од искри од необезбедена брусилица, со која работеле на викенд куќа, предизвикале пожар кој  избувна на 26 август 2019 и за брзо време  се прошири  и ја зафати боровата шума над велешко езеро „Младост“.

За над 10 часа во пожарот изгореа повеќе  стотици  хектари со квалитетна борова шума  во местото кое е рекреативен центар,  како и  во околните населени места.

Основниот суд во Велес со кој претседаваше судијката Габриела Гајдова денеска донесе ослободителна пресуда за 23-годишната Павлинка Илоска која лани на 29 септември при семејно насилство го у

Според пресудата, обвинетите Илиевски, Ангелов и фирмата „Реал градба“, виновни се затоа што воопшто не постапиле според прописите во  Законот за безбедност и здравје при работа, Законот за градење и Правилникот за безбедност и здравје при работа, кога вршеле брусење на плац во близина на езеро „Младост“ и од искрите што летнале го предизвикале потпалувањето на тревата.

Запалената трева потоа го предизвика пожарот којшто се проширил во неколку крака и ја изгорел боровата шума во близина на населба Отовица, зафатил приватни имоти, објекти на површината на брегот на езеро „Младост“, на север се до село Новачани.

Предизвиканата штета од пожарот е проценета на вкупно 27 милиони 85 илјади и 176 денари. Од вкупната сума, штетата на државата, односно на оштетеното ЈП „Македонски шуми“ – ШС „Бабуна“, за изгорени дрвја на вкупна површина од 4765 кубни метри проценета е на 24 милиони 943 илјади 482 денари.

Останатата предизвикана штета од пожарот, во вредност од 2 милиони 141 илјада 694 денари, причинета е на имоти и објекти во сопственост на физички лица или правни субјекти.

Одбраната на осудените Илиевски, Ангелов и фирмата „Реал градба“ денеска  најави жалба на пресудата.

Инаку,  и по шест години, целосно не се исечени и отстранети од локацијата над велешко езеро „Младост“ опожарени дрвца од пожарот што повеќе од 10 часа беснееше во боровата  шума над велешко езеро „Младост“ на 26 август 2019. Само мал дел од дрвцата се отстранети, а поголемиот  дел се уште се на терен изгорени и црни и  сведочат за немилиот настан.

Воедно, на  голем дел од опожарената шума над велешко езеро „Младост“ во изминативе неколку години по пожарот, со дозвола од локалната власт,  масовно се градат станбени комплекси и згради.

Велешани се револтирани бидејќи не се обнови опожарената борова шума засадена пред 60-ина години која беше белите дробови на градот, а  локалната власт наместо да засади нова шума, одобри изградба на  станбени комплекси.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Крадел од пациенти на Онкологија, Обвинителството поведе постапка
Следна Статија Трамп: Изјавата на Макрон за признавање на Палестина е ирелевантна, нема тежина

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ХРОНИКА

Бегал од полицијата, па предизвикал сообраќајка

Полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје околу 10 минути по полноќ, на подрачјето на Карпош го…

December 26, 2024
ХРОНИКА

Пожар на Вардариште: Речиси цел Аеродром е без струја

Речиси целата скопска општина Аеродром од попладнево е без електрична енергија, откако претходно голем пожар избувна на дивата депонија Вардариште.…

August 31, 2025
ХРОНИКА

Вработени издавале државјанства на лица кои не се во Македонија и од нив добивале пари, МВР поднесе кривични пријави

Велешката полиција до Обвинителството поднесе кривична пријава против А.Б.(33) и 30-годишната А.С., двајцата од село Мелница, општина Чашка, поради злоупотреба…

November 7, 2024
ХРОНИКА

Канабис, луксузна облека, цигари запленети на граничните премини – спречен влез на мигранти

Мобилен царински тим спречи обид за криумчарење 14 семки од канабис и 0,5 грама масло од канабис, коишто американски државјанин…

July 25, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?