Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: АВМУ предупредува: Ригорозни мерки за оние кои нема да ја почитуваат одлуката во деновите на жалост
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > АВМУ предупредува: Ригорозни мерки за оние кои нема да ја почитуваат одлуката во деновите на жалост
МАКЕДОНИЈА

АВМУ предупредува: Ригорозни мерки за оние кои нема да ја почитуваат одлуката во деновите на жалост

Објавено March 16, 2025 21:59
Сподели
Сподели

Поради тргагедијата во Кочани, Владата на Македонија прогласи седумдневна жалост на територија на целата држава и најави ригорозни мерки за оние кои нема да ја почитуваат одлуката.

Агенцијата за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги им укажува на медиумите да емитуваат/објавуваат содржини кои по својата медиумска функција одговараат на денови на жалост. Музиката што ќе ја емитуваат да биде од музички жанрови соодветни за денови на жалост, а емитувањето на забавните шоу програми, хумористичните емисии или играната програма од жанрот комедија да се одложи по нивното завршување. Воедно, до завршувањето на деновите на жалост треба да се одложи и емитувањето реклами, односно сите форми на комерцијални комуникации.

За време на деновите на жалост радиодифузерите се ослободени од обврската за емитување одреден процент домашна музика.

Агенцијата ги повикува медиумите да продолжат да известуваат професионално, да внимаваат на достоинството на жртвите, повредените и нивните семејства и при информирањето да користат проверени извори и релевантни соговорници.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија (ВИДЕО) Македонија во тага, група дрифта пред Борис Трајковски и прави врева
Следна Статија Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, нивната состојба е тешка

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

До четврток трае огласот за 400 нови пожарникари

Јавниот повик за прием на 400 пожарникари по владината мерка за поддршка во борбата против пожарите завршува во четврток, информираше…

July 15, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Денот на албанската азбука е потсетник за тоа како писменоста и образованието можат да бидат мостови меѓу луѓето

Денес, со почит се собираме заедно да го одбележиме Денот на албанската азбука – симбол на образованието, културното богатство и…

November 22, 2024
МАКЕДОНИЈА

УХМР издаде жолто ниво на предупредување од поплави

Управата за хидрометеоролошки работи (УХМР) издаде жолто ниво на предупредување поради потенцијална опасност од поплави и апелира на претпазливо движење…

November 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Дваесет и четири години од загинувањето на армиските резервисти кај Карпалак

Во Прилеп и во месноста Карпалак денеска ќе бидат одбележани 24 години од загинувањето на армиските резервисти: Сашо Китаноски, Нане…

August 8, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?