Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, нивната состојба е тешка
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, нивната состојба е тешка
МАКЕДОНИЈА

Осум од повредените во Кочани се во „Пирогов“ во Софија, нивната состојба е тешка

Објавено March 17, 2025 08:19
Сподели
Сподели

Вкупно осум лица повредени во пожарот што избувна во дискотека во Кочани се хоспитализирани во Универзитетската болница „Н. И. Пирогов“ во Софија, изјави на прес-конференција директорот на болницата, д-р Валентин Димитров, јави БТА.

Меѓу примени пациенти има тројца малолетници – две девојчиња и едно момче, додека останатите се четворица мажи и една жена, на возраст од 22 до 25 години. Највозрасниот пациент има 31 година.

Состојбата на сите пациенти е тешка, со изгореници на телото, горните екстремитети и лицето, како и на горните и долните дишни патишта, што дополнително ја комплицира нивната здравствена состојба. Според д-р Димитров, тројца од пациентите се интубирани, додека за останатите ќе биде направена дополнителна медицинска проценка и терапевтски план.

– Ќе биде направено сè што е потребно, болницата располага со сите неопходни ресурси, нагласи тој. Додаде дека сите пациенти биле донесени во тешка состојба на термички шок, што е сериозна закана за организмот, независно од брзината на лекарската интервенција.

Центрите за снабдување со крв во Софија, Пловдив и Стара Загора одговорија на потребите на болницата за крв, но д-р Димитров упати апел дека крводарувањето не смее да запре и останува постојана потреба.

– Сега претстојат средби со семејствата на пациентите кои беа транспортирани од Кочани, додаде тој.

Шест други повредени лица се примени во Воената болница во Варна и во болницата „Св. Георги“ во Пловдив.

Бугарија презеде обврска да прими 14 лица на лекување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија АВМУ предупредува: Ригорозни мерки за оние кои нема да ја почитуваат одлуката во деновите на жалост
Следна Статија Порака „За Кочани- Србија е со Македонија“ синоќа во Белград (ВИДЕО)

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Скопје одбележува 62 години од катастрофалниот земјотрес

Скопје денеска ја одбележува 62. годишнина од катастрофалниот земјотрес што се случи на 26 јули 1963 година, кога животот го…

July 25, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова за Законот за употреба на јазиците: Да се држат до Уставот и нема да згрешат

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова, прашана која е нејзината порака за уставните судии при носењето одлука за Законот за употреба на…

April 28, 2025
МАКЕДОНИЈА

Голем пожар во Ѓорче Петров

Голем пожар попладнево избувна во скопската населба Ѓорче Петров, a излезот/влезот во Скопје се прекриени со густ чад, јавуваат повеќе…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Топол воздушен бран и температура до 40 степени во четврток и петок

Под влијание на многу топла воздушна маса од југ следува период на топло време со пораст на температурите. Особено топло…

June 23, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?