Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Автомобил влета во луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > СВЕТ > Автомобил влета во луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени
СВЕТ

Автомобил влета во луѓе во Минхен, најмалку 20 повредени

Објавено February 13, 2025 13:39
Сподели
Сподели

Најмалку 20 лица се повредени, од кои некои критично, кога автомобил удрил во нив во германскиот град Минхен, соопшти полицијата.

Сè уште не е јасно дали возачот го направил тоа намерно или се работи за несреќа. Возачот е задржан на местото на настанот и повеќе не претставува опасност, додава полицијата.

Инцидентот се случил на локација каде што синдикатот на транспортните работници организирал демонстрации, јавуваат локалните медиуми. Портпаролот на полицијата за германските медиуми изјави дека истражуваат дали инцидентот е поврзан со демонстрациите.

Градоначалникот на Минхен, Дитер Рајтер, изјави дека меѓу повредените има и деца.

„Длабоко сум шокиран. Моите мисли се со повредените“, изјави тој за локалните медиуми.

Инцидентот се случи неколку часа пред светските лидери, вклучително и украинскиот претседател Володимир Зеленски и американскиот потпретседател Џ. Д. Венс, да пристигнат на Минхенската безбедносна конференција в петок.

Инцидентот се случил на речиси 1,5 километар од местото на безбедносната конференција.

Областа е затворена и на луѓето им е препорачано да го избегнуваат местото на несреќата.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Си играл со вратата, паднала врз него – тешко повредено осумгодишно дете
Следна Статија За една недела пријавени 2.880 случаи на заболени од грип

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

СВЕТ

(ВИДЕО) Се прошири обвинението против Диди, судот призна нови случаи на силувања

Вчера се одржа ново рочиште за случајот против контроверзниот рапер Диди, со вистинско име Шон Комбс, кој моментално е во…

January 31, 2025
СВЕТ

Затворени сите аеродроми во Москва

Руската агенција за цивилно воздухопловство денеска соопшти дека сите четири аеродроми во Москва и аеродромот во Калуга, 160 километри југозападно…

December 26, 2024
СВЕТ

Поради една девојка разбиена озлогласена руска секта : Осомничени за трговија со луѓе, а лидерот престојувал и на Балканот

Аргентинските власти разбија озлогласена руска секта, во заедничка операција на два аеродроми во која беа фатени 14 лица, разоткривајќи темна…

April 5, 2025
СВЕТ

Еве како всушност ќе се применува новиот систем за влез во ЕУ

Новиот систем за влез и излез од Европската унија беше закажан за 10 ноември, но неговата имплементација дефинитивно беше одложена.…

October 12, 2024
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?