Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агелер: „Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу двете држави
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Агелер: „Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу двете држави
МАКЕДОНИЈА

Агелер: „Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу двете држави

Објавено May 23, 2025 17:00
Сподели
Сподели

Вежбата, како што се наведува денеска во соопштението на Амбасадата на САД, ја тестира способноста на НАТО да одговори на развојните безбедносни закани, вклучувајќи и сајбер напади, служејќи како важна платформа за усовршување на мултинационалната соработка и потврдување на подготвеноста на силите-учеснички да го споделат товарот во сложени и спорни средини.

-„Брз одговор 2025“ е јасен доказ за блиското и растечко партнерство меѓу Соединетите Американски Држави и Македонија. Преку заеднички обуки, ангажирање во заедницата и соработка со нашите НАТО сојузници, ја зајакнуваме нашата колективна посветеност на мирот и безбедноста. Овие вежби ја подобруваат воената подготвеност и ги зближуваат нашите заедници, изјавила амбасадорката на САД, Анџела Агелер.

Брз одговор 2025, се додава во соопштението, коинцидира со 32-годишнината од Програмата на партнерски сојузни држави меѓу Националната гарда на Вермонт и Северна Македонија, под покровителство на Бирото на Националната Гарда на САД.

-Ова е значаен исчекор во партнерството засновано врз заеднички вредности, нагласува Амбасадата.

Во рамки на настаните, армискиот оркестар на Националната гарда на Вермонт ќе се придружи на воениот оркестар од Северна Македонија на 23 мај од 11 до 12 часот кон активност со ученици од средното музичко училиште во касарната „Гоце Делчев“ – Скопје, на 24 мај од 13 до 14 часот на концерт во Битола на градскиот плоштад „Магнолија, на 25 мај од 12 до 13 часот на концерт во Паркот на Франкофонијата во Скопје, на 26 мај од 11 до 12 часот на концерт на свеченото отворање на Брз одговор 2025 во кампот „Стрела“ на Криволак.

На 1 јуни од 10 до 12 часот ќе има изложување на градскиот плоштад во Кавадарци со оружје, возила, опрема за качување, роботи за откривање мини, тактичка опрема, дронови и игри на отворено со учество од Албанија, Австрија, Италија, Македонија и САД, а на 2 јуни мултинационален настан во живо, ден на медиуми и високи гости на Криволак, кога ќе се реализира вежбата „Засилен пешадиски баталјон во напад“.

– САД и Македонија продолжуваат да го зајакнуваат своето партнерство во одбраната, образованието, претприемништвото и граѓанското општество, поддржувајќи го институционалниот развој и безбедносните способности на Северна Македонија. Двете земји остануваат насочени кон проширување на соработката во енергетиката, одбраната, трговијата и културната размена, обезбедувајќи долгорочен просперитет и безбедност. Брз одговор 2025 е пример за обезбедување мир преку зајакнување на подготвеноста на НАТО и колективната одбрана, се додава во соопштението.

Началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски завчера информираше дека оваа вежба е една од најголемите досега во државава во која ќе учествуваат околу 2200 војници од седум НАТО земји и две партнерски држави.

– Вежбата меѓу другото има цел да ја подобри интероперабилноста меѓу сојузничите и партнерските сили како и заедничко дејствување во сложени услови и брза реакција на силите во источниот дел на Европа, истакна Лафчиски на брифинг со новинари.

Ко-директорот на вежбата потполковник Ристо Стоев појасни дека сценариото на вежбата, која е дел од серијалот на вежби „Defender 25“ е демонстрирање на безбедносните способности и зајакнување на сајбер-одбраната преку реализација на мултинационални боеви гаѓања, сајбер вежба, премин преку река и АБХО вежби. Нагласи дека вежбата ќе ги потврди капацитетите и умешноста за организирање и координација на големи вежби заедно со другите армии на НАТО.

На вежбата на АП Криволак ќе учествуваат Македонија со 950 припадници на Армијата, САД со 710, Црна Гора со 185 учесници, Косово со 150, Австрија со 70, Грција 50, Албанија 30, Италија 30 и обединетото Кралство со двајца учесници.

Сите единици ќе користат своја формациска опрема, а како позначајни ќе бидат тенковите Леопард, борбените хеликоптери „AH-64 APACHE“, транспортни медицински хеликопртери Blek hawk, инженериско возило „Хаски“, минофрлачи 120милиметри, транспортен хеликоптер Ми 8/17 и оклопни возила JLTV i HMMWV. На вежбата ќе се користи стандардна маневарска и боева пешадиска и артилериска муниција.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Каја Калас немала план „Б“ за Македонија оти сѐ уште верувала во планот „А“
Следна Статија Досега собрани 156.542.967 денари за настраданите од пожарот во Кочани, информираат од Црвен крст

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

ГОРДИ СМЕ НА НАШАТА АРМИЈА: Сиљановска-Давкова, Мисајловски и Лафчиски предновогодишно со македонските мировници и нивните семејства

Претседателката и врховен командант на Армијата, Гордана Сиљановска-Давкова, министерот за одбрана Владо Мисајловски и началникот на Генералштабот, генерал-мајор Сашко Лафчиски,…

December 28, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Не гласам уставни измени под притисок, со лигавење како полжави како што прави опозицијата не се стига далеку

„Се додека не покажете карактер и вредности во кои што верувате, нема да ве ценат. Ја знаете онаа приказната со…

March 13, 2025
МАКЕДОНИЈА

Села си ја врати „Алијанса“

Претседателот на Алијансата за Албанците, Зијадин Села денеска на прес-конференција во Собранието соопшти дека врз основа на донесената одлука од…

February 12, 2025
МАКЕДОНИЈА

Минчев: 40 проценти од административците – или ништо не работат, или бараат начин како да не дојдат на работа

Министерот за јавна администрација, Горан  Минчев, денеска ги презентираше клучните резултати и реформски потези. Тие според него  ја поставиле основата…

July 2, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?