Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агелер: Внимателно ги следиме случувањата во правосудниот систем
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Агелер: Внимателно ги следиме случувањата во правосудниот систем
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Внимателно ги следиме случувањата во правосудниот систем

Објавено February 19, 2025 17:35
Сподели
Сподели

Американската амбасада во земјава будно ги мониторира последните случувања во правосудниот систем и сака да види дека законот се почитува, вели амбасадорката Анџела Агелер, одговарајќи на прашање во однос на најавите за разрешување на државниот јавен обвинител, но и на петмината членови на судскиот совет избрани од Собранието. Агелер сепак не сакаше да го коментира евентуалното разрешување на Коцевски, но посочи дека САД ги следи состојбите во судството.

„Немам коментар. Запознаена сум и го следиме процесот. Според моите сознанија законската процедурата е веќе во тек и секако дека го следиме тоа одблизу. Од блиску го следиме и тој процес. Очигледно е дека со години посочуваме во однос на Судскиот совет, но и за други аспекти на правосудниот систем, постојат законски процедури и според моите сознанија тој процес е во тек и одблиску ги следиме состојбите и сакаме да видиме дека законот се почитува“, рече Агелер.

Во меѓувреме, во министерството за правда веќе се подготвува предлогот за разрешување на републичкиот јавен обвинител Љупчо Коцевски, кој треба да биде испратен до владата.

„Министерството за правда го подготвува Предлогот за разрешување на државниот јавен обвинител по што ќе го достави до Владата за натамошно процесуирање до Советот на јавни обвинители. Рок за доставување нема“, велат од Министерството за правда.

Откако владата ќе го проследи до советот, членовите ќе имаат две недели рок да изготват мислење, а независно од нивниот став, разрешувањето на Коцевски ќе биде ставено на маса пред пратениците. Токму во законодавниот дом најверојатно кон почетокот на март ќе треба да се одржи и седница за интерпелациите на петмината членови на судскиот совет поднесени од владејачкото мнозинство, но дури и пратениците да ги изгласаат интерпелациите, членовите се тие кои на крај ќе треба да одлучат дали ќе си поднесат оставки и ќе се повлечат од судскиот совет.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Кирков: Директорот да си поднесе оставка, Зоолошката е веќе позната како куќата на стравот
Следна Статија Затвореници ќе ја пошумуваат Македонија, ќе бидат ангажирани во „Македонски шуми“

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

„Ние сме херои, спасивме 200 луѓе останавме до последен момент во огнот“, кажа осомничен за пожарот во Кочани

- Не се чувствуваме виновни, ние сме херои, спасивме 200 луѓе. Јас до последен момент останав во огнот за да…

March 17, 2025
МАКЕДОНИЈА

Љутков: Концертот на „Танец“ е прослава на македонската култура и традиција, нашето минато, сегашност, но и иднина…

„75 години Македонски код“ беше насловот на завршниот јубилеен концерт на Националниот ансамбл за народни игри и песни „Танец“, што…

December 23, 2024
МАКЕДОНИЈА

Со палење на маските и василичарско оро завршува Вевчанскиот карневал

Со традиционалното василичарско оро и палење на маските во дворот на Мултикултурниот центар во Вевчани, попладнево ќе заврши годинашното издание…

January 14, 2025
МАКЕДОНИЈА

Од Крива Паланка до Куманово ќе се патува за 40 минути, пуштен експресниот пат Крива Паланка-Страцин

Со пуштањето на експресниот пат од Страцин до Крива Паланка, патувањето од 30 минути се крати на 10 минути, а…

January 4, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?