Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агелер до судиите: Ова е навистина клучен момент за Уставниот суд и судството, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Агелер до судиите: Ова е навистина клучен момент за Уставниот суд и судството, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука
МАКЕДОНИЈА

Агелер до судиите: Ова е навистина клучен момент за Уставниот суд и судството, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука

Објавено April 28, 2025 14:26
Сподели
Сподели

Ова е навистина клучен момент не само за Уставниот суд туку и за вашите колеги насекаде во судството, и најважно, за граѓаните на оваа држава, ве молам, искористете го овој момент, запамете за кого работите и зошто сте поставени тука. Законите во оваа држава колку и да се комплицирани мора и може да работат во полза на граѓаните. Како партнери и пријатели САД ја поддржуваат работата на судството со цел да се обезбеди правдата да остане пристапна, непристрасна и вкоренета во уставните вредности.

Ова го истакна Анџела П. Агелер, амбасадорка на САД, во воведното излагање на тркалезната маса „Дали ни е потребен Закон за Уставниот суд?“ што се одржа во Уставниот суд која има за за цел да отвори дебата за потребата од донесување на посебен закон што би го регулирал работењето на Уставниот суд, преку дијалог меѓу претставници на институциите, правната струка и граѓанскиот сектор.

Таа ја поздрави денешната дебата во Уставниот суд, која рече со внесување на јавноста, ја зголемува транспарентноста, а тоа е и почеток да се воспостави повторно довербата во судството и неговите одлуки.

-Транспарентноста не само што гради доверба, туку истовремено може да помогне да се зајакне врховната потреба за и основната улога на независноста во судството. Уставот се основа за демократските институции во оваа држава и гарант на правата и слободи на нејзините граѓани. Улогата на независен Уставен суд е да го поддржи ова со свои одлуки и таа е исклучително важна за една здрава демократија. Не верувам дека преувеличувам кога ќе кажам дека ова е навистина клучен момент не само за Уставниот суд, туку и за вашите колеги насекаде во судството и најважно за граѓаните на оваа држава. Ве молам, искористете го овој момент, ве молам запамете за кого работите и зошто сте поставени тука и ве молам, за тие кои сте судии, запаметете и потсетете се на заклетвата што ја дадовте, а за сите судуии и обвинители насекаде во судството поскаувам да ја гледате оваа постапка. Законите во оваа држава колку и да се комплицирани мора и може да работат во полза на граѓаните. Како партнери и пријатели САД ја поддржуваат работата на судството со цел да се обезбеди правдата да остане пристапна, непристарсна и вкоренета во уставните вредности, порача амбасадорката Агелер која воедно ги поздрави напорите на сите институции и индивидуалци кои продолжуваат да бараат отчетност од одговорните за страшната трагедија во Кочани.

На тркалезната маса се обратија и претседателката Гордана Сиљановска Давкова, и претседателот на Уставниот суд Дарко Костадиновски, евроамбасадорот Михалис Рокас и германската амбасадорка Петра Дрекслер.

Предвидена е презентација на наодите од анализата за потребата од донесување на Закон за Уставниот суд, изработена во рамки на ЕУ-финансиран проект, со говорниците Карстен Манке, тим лидер, и вишите правни експерти Мартин Сопронов и Маргарита Цаца Николовска.

Ставовите на судиите од Уставниот суд ќе ги образложат судиите Ана Павловска-Данева и Татјана Васиќ-Бозаџиева, додека, мислења од претставници на правната струка ќе споделат професорите Тања Каракамишева-Јовановска, Јетон Шасивари, Денис Прешова и Рената Дескоска

.Од граѓанскиот сектор ставовите ќе ги изнесат Дарко Аврамовски од Коалиција „Сите за правично судење“ и Бојан Трпевски од Асоцијација на млади правници на Македонија.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Казни до 5.000 евра за продажба и купување е-цигари со арома во Словенија
Следна Статија По 6 недели лекување: Двајца пациенти хоспитализирани во Пловдив, ќе бидат пуштени дома

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Мерко прогласен за невин за скапото „ауди“ од 67.000 евра

Рамиз Мерко, градоначалникот на Струга, доби ослободителна пресуда за јавната набавка на луксузниот автомобил „Ауди“ вреден 67 илјади евра. Според…

June 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Кирил и Методиј ни го оставија најголемиот подарок — писмото, словото, гласот на нашиот идентитет

Чествување на браќата Кирил и Методиј кои се темелот на писменоста на словенските народи и основачи на словенската азбука Глаголица…

May 24, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Македонија е дом на различности кои не разделуваат, туку ја збогатуваат нашата заедничка национална приказна

Свечена седница по повод Денот на албанската азбука се одржа денеска во Владата, а на истата обраќање имаше и премиерот…

November 22, 2025
МАКЕДОНИЈА

Пандов: Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала

Стапката на ресоцијализација на затворениците е релативно мала, вели директорот на Управата за извршување санкции, Александар Пандов, посочувајќи дека кадарот…

September 26, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?