Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош
МАКЕДОНИЈА

Агелер: Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош

Објавено March 17, 2025 17:57
Сподели
Сподели

Нашите срца се скршени, благодарна сум на земјите од регионот за веднаш дадената помош, изјави американската амбасадорка во земјава Анџела Агелер, по потпишувањето во Книгата на жалост поради загинувањето на 59 лица во Кочани, отворена во Министерството за надворешни работи и надворешна трговија.

-Благодарна што денеска дојдов овде со мојот пријател амбасадорот на ЕУ Михалис Рокас. Ние ја понудивме сета можна помош, но ние сме далеку и благодарна сум повеќе земји од регионот реагираа многу брзо и понудија помош, и презедоа дел од повредените и понудија помош што им беше потребна во моментот. Ние немавме можност тоа да го понудиме бидејќи сме далеку, и затоа сум многу благодарна на моите колеги и нивните земји што го сторија тоа, изјави Агелер.

Претставникот на Светската здравствена организација (СЗО) во земјава Акиим Али, по потпишувањето во Книгата на жалост изрази сочувство до целата нација по повод трагичниот настан во Кочани, во кој животот го изгубија 59 лица, а 155 се повредени.

-Ова е навистина трагичен настан и во овој момент сè што можеме да направиме е да го изразиме нашето сочувство до целата нација, до заедниците и семејствата кои ги жалат оние кои ги изгубија, како и до оние кои се молат за брзо закрепнување на повредените пријатели и деца.

Посочи дека како Светска здравствена организација нудат поддршка на кој било начин што можат да ја дадат во овој момент, како и за понатамошните потреби, штом имаат појасна претстава.

-СЗО стоеше и стои на располагање за земјата брзо и ефикасно да ја добие потребната поддршка и грижа за луѓето на кои им е потребна, рече Али.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Екс министерот Крешник Бектеши го носат на распит во Кочани
Следна Статија Во текот на утрешниот ден почнува теренска контрола на сите субјекти

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Eвропскиот парламент го усвои извештајот за Македонија без „македонски јазик и идентитет“

Европскиот парламент го усвои извештајот за напредокот на Македонија,  а по бугарско-грчките лобирања и притисоци од финалната верзија беа отстранети…

July 9, 2025
МАКЕДОНИЈА

Писмо до Вартоломеј: Македонците во Грција бараат црковна служба на македонски јазик

Да има црква во Грција во која богослужбите ќе се изведуваат на македонски јазик, барање е кое Македонците од Грција…

May 11, 2026
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Предложените членки на Судскиот совет ги избрав според нивната стручност и компетентност

Претседателката Гордана Сиљановска Давкова на денешната седница на Собранието пред пратениците ги образложи нејзините предлози за избор на Алинда Кадри…

January 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Филипче: Македонскиот јазик е нашиот глас во светот, нашата татковина дома

Претседателот на Социјалдемократскиот сојуз на Македонија, Венко Филипче, денеска упати честитка до граѓаните, по повод 5 Мај – Денот на…

May 5, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?