Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Четврток е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Четврток е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед
МАКЕДОНИЈА

Четврток е неработен ден за граѓаните од православна вероисповед

Објавено August 25, 2025 18:27
Сподели
Сподели

Во четврток, 28 август, православните верници ќе го одбележат големиот христијански празник Успение на Пресвета Богородица, во народот познат како Голема Богородица.

Денот е неработен за православните верници.

Празникот го одбележува земниот крај на Пресвета Богородица, а Црквата го нарекува „успение“ – термин што означува сон, мир и духовно вознесение. Според преданието, Богородица веднаш по смртта била вознесена на небото и станала најголем застапник на луѓето пред Бога.

Во македонските цркви и манастири може да се сретнат уметнички претстави на овој настан, најчесто поставени над влезните порти. Вообичаен е и обичајот на тој ден верниците да не вршат физичка работа, а се верува дека водата со ронка боја од иконата на Богородица има исцелителна моќ.

На празникот именден слават многумина што го носат името Марија, Мара, Марена, Марица, Марјан, Маријана и нивните изведеници.

Празникот Успение на Пресвета Богородица е еден од дванаесетте најголеми христијански празници, посветен на денот кога таа се преселила на небото.

Богородица се смета за заштитничка на сите христијани и на градот Скопје. Традиционално, масовен црковно-народен собир се одржува во манастирот во Долна Матка. Во манастирот во Матка, традиционално има вечерна литургија, полноќно бдеење и утринско чествување

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Вреди: Бујар Османи го вети автопатот Скопјe-Блаце, но донесе само лаги
Следна Статија Италија, Шпанија и Франција произведуваат најмногу зеленчук во Европа

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Во прекин сообраќајот на Струмица Валандово поради сообраќајка

Поради сообраќајна несреќа утрово во прекин е сообраќајот на патот Струмица-Валандово на излез од село Костурино. Сообраќајот е во прекин…

October 5, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Пожарите ќе се гасат со модернизирана опрема со висок притисок

На новинарско прашање премиерот Христијан Мицкоски истакна дека ова година сме повеќе подготвени за справување со пожарите во однос на…

July 2, 2025
МАКЕДОНИЈА

Андоновски: Ќе ги забраниме сите нелегални приредувачи на онлајн игри на среќа

Во вестите на ТВ Алсат М, гостуваше министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски. Тој се осврна на онлајн игрите на…

March 7, 2025
МАКЕДОНИЈА

Францускиот предлог е катастрофа, но СДСМ тоа не сака да го признае

Ставот дека само уставните измени и работата е готова е неточен. Заради вториот протокол преговараме со Бугарија меѓутоа најголемата грешка…

May 22, 2026
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?