Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Луѓето чии животи згаснаа во пожарот во Кочани не се бројка, туку се судбини и личности – вели Мицкоски
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Луѓето чии животи згаснаа во пожарот во Кочани не се бројка, туку се судбини и личности – вели Мицкоски
МАКЕДОНИЈА

Луѓето чии животи згаснаа во пожарот во Кочани не се бројка, туку се судбини и личности – вели Мицкоски

Објавено March 14, 2026 13:00
Сподели
Сподели

Постојат настани во историјата на една држава што не се мерат со време, туку со болката што ја остваат зад себе. Токму таков настан е трагедијата во Кочани. Таа не е само трагедија на еден град, туку трагедија што ја потресе целата држава и која засекогаш ќе остане во колективното сеќавање на нашето општество. Со овие зборови денеска премиерот Христијан Мицкоски им се обрати на присутните на „Меѓународната конференција за институционалните и клиничките аспекти и решенија по пожарот во Кочани“, што се одржува во Скопје.

„Тука сме собрани со чувство на длабока почит, но и со силно чувство на емпатија. Почит кон оние кои ги изгубија своите животи. Почит кон семејствата кои ја носат болката на загубата. Почит кон повредените кои веќе една година водат тивка и храбра борба за закрепнување. Но, истовремено, имаме и одговорност да се сеќаваме. Одговорност да учиме. И одговорност да создадеме системи кои ќе бидат посилни од пропустите што доведуваат до трагедии. Оваа конференција е обид трагедијата да се претвори во знаење, искуството да се претвори во лекција, а лекцијата во конкретни решенија“,рече премиерот.

Посочи дека една трагедија никогаш не завршува со денот кога се случила, оти за семејствата, таа продолжува секој ден.

„Продолжува во празните столови на трпезата, во тишината во домот и во секое утро кога човек се буди со споменот на најтешката загуба. Затоа обврската на државата не е само да се сеќава, туку и да покаже дека знае да учи од трагедиите и да изгради систем кој ќе биде посилен, побезбеден и похуман“,кажа тој.

Потоа, Мицкоски ги прочита имињата на сите загинати во пожарот во т.н. дискотека „Пулс“ во Кочани, додавајќи дека луѓето чии животи згаснаа не се бројка, туку се судбини и личности.

Премиерот нагласи и дека трагедијата во Кочани остави длабока рана во нашето општество, оти во една ноќ, како што вели, се прекинаа животи, се променија судбини и се отвори болка која ќе остане долго во сеќавањето на нашата држава.

„Во тие часови, цела Македонија застана. Веста се прошири со брзина која носеше неверување, страв и тага. Секој граѓанин ја почувствува тежината на настанот. Во тие моменти не постоеше ниту политика, ниту поделби. Постоеше само тишина и чувство на длабока загриженост за луѓето кои се бореа за живот. Трагедијата ги погоди најсилно семејствата кои ги изгубија своите најблиски. За нив времето се мери со спомените, со празнината која останува и со секојдневната борба да се продолжи понатаму“,вели тој.

Во исто време, како што додаде, трагедијата остави и друга трага – трага на солидарност и оти хероите никогаш нема да бидат заборавени.

„Кочани покажа дека има луѓе кои се тивките херои на нашата земја. Тоа се болничарите и докторите кои работеа, брзата помош, техничкиот персонал. Вo најтешките моменти, граѓаните покажаа дека општеството има сила да се обедини. Крводарителските центри беа исполнети со луѓе кои дојдоа да помогнат. Волонтери се јавуваа за поддршка на семејствата. Хуманитарните организации се мобилизираа. Лекарите и медицинските тимови работеа без прекин, со огромна посветеност и професионалност. Сакам од срце да ви честитам. Вам и на секој кој беше вклучен во оваа операција. Дома и во странство. Никогаш нема да бидете заборавени“,рече Мицкоски.

На крајот од обраќањето, ја посочи и меѓународната поддршка на партнерските држави и нивните здравствени системи, кои, како што вели, веднаш ја понудија својата помош.

Тоа, според него, е силен потсетник дека во најтешките моменти, човечката солидарност ги надминува границите.

Една година подоцна, како што вели, ова сеќавање останува жива обврска.

„Обврска да се почитува споменот на жртвите. Обврска да се поддржат семејствата. Обврска да се продолжи борбата за закрепнување на повредените. И обврска трагедијата да се претвори во поука од која ќе произлезат посилни институции и побезбедно општество“,кажа премиерот.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Ракетен напад врз американската амбасада во Багдад
Следна Статија Алиу на годишнината од Кочани – 400 медицинари го дадоа максимумот

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте во официјална посета на Македонија

Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте денеска ќе престојува во официјална посета на земјава. Домаќин ќе му биде претседателката Гордана…

March 3, 2026
МАКЕДОНИЈА

Заврши доказната постапка против екс директорот на Шутка, судењето продолжува со завршни зборови

По барање на јавната обвинителка, денеска во Основниот кривичен суд – Скопје беше одложено судското рочиште против поранешниот директор на…

December 16, 2025
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски: Со формирањето на Комитетот за јавни инвестиции, државата воспоставува поцврст и поодговорен механизам за одлучување

Денес правиме чекор кој долго време недостасуваше во системот на управување со јавните инвестиции. Со формирањето на Комитетот за јавни…

April 29, 2026
МАКЕДОНИЈА

Градоначалникот на Кочани Папазов си даде оставка поради морални причини

Почитувани сограѓани,Во овие најтешки мигови за нашата земја и за мене лично, сакам да соопштам дека поднесувам неотповиклива оставка од…

March 17, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?