Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Агенцијата за храна во акција: За три дена казнети 22 маркети во вредност од 40.000 евра
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > ЕКОНОМИЈА > Агенцијата за храна во акција: За три дена казнети 22 маркети во вредност од 40.000 евра
ЕКОНОМИЈА

Агенцијата за храна во акција: За три дена казнети 22 маркети во вредност од 40.000 евра

Објавено January 18, 2026 10:34
Сподели
Сподели

Приближно 40.000 евра во денарска противвредност е вкупната вредност на 22 казни кои ги изрекоа инспекциските служби на Агенција за храна и ветеринарство (АХВ) на оператори со храна, во рамки на спроведените вонредни надзори во маркети и хипермаркети на целата територија на државава.

Со акцијата која се спроведе од 13 до 16 јануари годинава, контролирани беа 188 оператори со храна од оваа категорија.

Кај 10 оператори, со контролите утврдени се полесни повреди од областа на безбедноста на храната (неселектираност на разладни уреди, нејасни и нечитки декларации на производите и слично), за што се изречени мерки опомена, а во 2 маркета констатирано е дека вработените лица немаат санитарни книшки.

Кај 6 од контролираните меркети утврдено е дека немаат имплементирано процедури за примена на правилата на Добра призводствена и Добра хигиенска пракса, а кај 14 маркети затекната била храна со изминат рок на траење.

Како небезбедени во рамки на оваа акција на Агенцијата, од операторите одземени и нештетно уништени се над 253 килограми храна (месо и преработки од месо, млечни, кондиторски и други видови производи).

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Трамп им благодари на Иран за запирање на егзекуциите додека неговите сојузници го обесхрабруваат воениот напад
Следна Статија (ФОТО) Од Кичево до Охрид ќе се патува низ галерии, најави Коце Трајановски

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

ЕКОНОМИЈА

Апел од Стопанската комора по големиот пожар во Виница: Поддршката на Макпрогрес е поддршка за македонската економија

В петок, 12 септември 2025 година, претседателот на Стопанската комора Бранко Азески, ќе одржи состанок со ланците маркети, на кој…

September 9, 2025
ЕКОНОМИЈА

Почна изградбата на ветерниот парк кај Штип, 500 милиони долари инвестиција, струја за над 100 илјади домаќинства

Со поставување камен темелник денеска стартуваше изградбата на ветерен парк во близина на Штип, каде „Алканзар енерџи партнерс“, со инвестиција…

July 16, 2025
ЕКОНОМИЈА

Николоски: Тежок криминал се правело со автопатот Скопје-Блаце

Техничкиот консултант, компанијата “Суес” која била избрана како техничка подршка во изведба на автопатот Скопје – Блаце преку писма го…

October 31, 2024
ЕКОНОМИЈА

Ако добие лиценца за трет мобилен оператор 4iG најавува услуги до крајот на 2026 година

Унгарски 4iG најавува дека доколку добие лиценца за фреквенција за трет мобилен оператор ќе почне со услуги на македонскиот пазар…

May 20, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?