Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Адем Чучуљ највисоко оценет кандидат за раководење со ДКСК
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Адем Чучуљ највисоко оценет кандидат за раководење со ДКСК
МАКЕДОНИЈА

Адем Чучуљ највисоко оценет кандидат за раководење со ДКСК

Објавено November 20, 2025 16:36
Сподели
Сподели

Комисијата за селекција на кандидати за претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) што ја формираше собраниската Комисија за прашањата на изборите и именувањата го оцени кандидатот Адем Чучуљ од Скопје, дипломиран правник и актуелен генерален секретар на ДКСК, како најуспешен во постапката за избор.

Според Комисијата, Чучуљ покажал значајно искуство во спречување на корупцијата и судирот на интереси, како и јасна визија и конкретен план за работата и развојот на ДКСК.

Тој дал одлични одговори на сите поставени општи и посебни прашања, по што освоил вкупно 96,50 бодови, што го рангира највисоко меѓу кандидатите.

Второрангиран е Бранко Смилевски од Скопје – дипломиран економист, магистер на науки за антикорупција, кој е актуелен помошник на Главниот ревизор, со освоени 86,33 бодови, а треторангиран е проф. д-р Кимо Чавдар од Скопје, дипломиран правник со положен правосуден испит и доктор на политички науки, кој освоил 81,83 бодови.

Комисијата за селекција посочува дека и Смилевски и Чавдар дале одлични одговори на поставените општи и посебни прашања.

Огласот за пријавување кандидати за претседател на Антикорупциската комисија беше објавен уште летово, но постапката беше времено прекината поради локалните избори.

Од 13 кандидати, колку што се пријавија на огласот на Собранието на избор за нов претседател на Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК), селектирани беа 10, а интервјуата со нив почнаа во вторникот. (МИА)

 

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Уставниот суд поведе постапка за линеарното зголемување на пензиите
Следна Статија Кривична пријава за „Тритерол Петрол“ и управителите поради фалсификување и злоупотреба при јавни набавки

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Обвинителството се откажа од гонењето на Дрин Ахмети!?

Обвинителството се откажа од кривично гонење на Дрин Ахмети, внук на претседателот на ДУИ, Али Ахмети, во врска со пиротехничките…

December 20, 2024
МАКЕДОНИЈА

Мајка и ќерка пронајдени мртви во село Слатино

36-годишна жена и нејзината керќа се пронајдени мртви во тетовското село Слатино, соопшти СВР Тетово, а нејзиниот сопруг ќе биде…

October 8, 2024
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска-Давкова: Да продолжиме да бидеме пример за заедништво во различноста и да се гордееме со нашата заедничка татковина

Образованието на мајчин јазик е важно човеково право, суштинско за зачувување и за градење на националниот и културниот идентитет, но…

December 21, 2025
МАКЕДОНИЈА

Сиљановска Давкова: Граѓаните остануваат посветени на европскиот пат, но ова е неодржлива состојба која не говори само за нас, туку и за кредибилитетот на ЕУ

Граѓаните се уште го поддржуваат зачленувањето на Македонија во Европската Унија, тие остануваат посветени. Ние сакаме да го комплетираме патот…

May 7, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?