Trending
  • МАКЕДОНИЈА
  • БАЛКАН
  • СВЕТ
  • ПОЛИТИКА
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • ЗДРАВЈЕ
  • ЗАБАВА
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Reading: Андоновски во ЕК во Брисел: Дигиталната трансформација е приоритет на новата Влада во Македонија
Сподели
Font ResizerAa
TrendingTrending
  • БАЛКАН
  • ЕКОНОМИЈА
  • ЗАБАВА
  • ЗДРАВЈЕ
  • МАКЕДОНИЈА
  • ПОЛИТИКА
  • СВЕТ
  • СПОРТ
  • ХОРОСКОП
  • НУТРИЦИОНИЗАМ
Trending > Blog > МАКЕДОНИЈА > Андоновски во ЕК во Брисел: Дигиталната трансформација е приоритет на новата Влада во Македонија
МАКЕДОНИЈА

Андоновски во ЕК во Брисел: Дигиталната трансформација е приоритет на новата Влада во Македонија

Објавено October 18, 2024 16:20
Сподели
Сподели

Министерот за дигитална трансформација се обрати на 3-ти регулаторен дијалог меѓу Европската Унија и Западен Балкан, на кој присуствуваат Генралниот директор на Директоратот за поврзување (DG Connect), Роберто Виола, како и министрите задолжени за дигитализација од Србија, Црна Гора, Албанија, Босна и Херцеговина и Косово.

Андоновски ја истакна важноста на формирањето на новото Министерство за дигитална трансформација во Македонија. „Неодамнешното формирање на нашето Министерство за дигитална трансформација означува значајна пресвртница во патот на Македонија кон безбедна и сеопфатна дигитална трансформација. Ова министерство го нагласува огромното значење што нашата влада и го придава на дигиталната трансформација како клучен приоритет за напредокот на државата.“ истакна Андоновски.

Андоновски ги подвлече најзначајните достигнувања на Владата во поглед на дигиталната трансформација во првите 100 денови од мандатот. „Во првите 100 дена објавивме 80 нови електронски услуги, со што бројот од 120 се зголеми на 200 е-услуги. Очекуваме 100 нови е-услуги во наредната година, што ќе значи 100% зголемување во однос на претходниот 4-годишен период. Во првите 100 дена од новата влада го редизајнираме порталот за национални услуги, со цел да биде полесен пристапен, со подобро корисничко искуство, достапен за лицата со попреченост, потранспарентен и општоприфатен.“

Регулаторниот дијалог се фокусира на новите правила на Европската унија во врска со прифаќањето на вештачката интелигеција, законите за употребата на електронски документи и дигиталната економија, како и сајбербезбедноста. На маргините на регулаторниот дијалог, Андоновски оствари средби со Роберто Виола, како одговорен од Европската комисија за процесите на дигитализација, Валентина , директор на Директоратот за проширување.

Сподели ја оваа статија
Facebook Whatsapp Whatsapp Email Copy Link
Сподели
Претходна Статија Групацијата 4иГ основа компанија во Македонија
Следна Статија Технолошкиот напредок и вештачката интелигенција: Дали ќе нѐ заменат во блиска иднина тема на поткастот на ЦИКП

БИ МОЖЕЛО ДА ВЕ ИНТЕРЕСИРА

МАКЕДОНИЈА

Судскиот совет ја одби претставката на Љупчо Палевски-Палчо

Судскиот совет денеска ја отфрли како неоснована претставката од неправосилно осудениот Љупчо Палевски Палчо, со која тој се жали дека…

January 12, 2026
МАКЕДОНИЈА

Мицкоски до Јотова: Дозволете ѝ на македонската заедница да се организира во невладини

Ние како држава ги почитуваме и постапуваме доколку постојат такви пресуди од институцијата која е одговорна да носи одлуки за…

October 18, 2024
МАКЕДОНИЈА

Финансиската полиција годинава поднела 44 кривични пријави

Директорот на Управата за финансиска полиција, Слободан Ивановски, оцени дека изминатата година донела конкретни и мерливи резултати во борбата против…

December 31, 2025
МАКЕДОНИЈА

Анима мунди: Од бели комбиња се пуштаат глутници бездомни кучиња (ВИДЕО)

Бели комбиња во раните утрински часови пуштаат цели глутници на кучиња во урбаните средини. Од Здружението за заштита на животните…

February 15, 2025
Trending
contact@trending.mk

© Trending.mk  |  All Rights Reserved.

Импресум
Welcome Back!

Sign in to your account

Username or Email Address
Password

Lost your password?